Зависни од лабело?

zavisni-od-labelo-povekjeКога времето е студено и ветровите, усните се постојано изложени на сушење. Многу е веројатно дека неколку пати во текот на денот ги премачкувате...

 

...со балсам за усни, но малку е веројатно дека сте се запрашале дали може да се стекне зависност од користење на лабелото? Одговорот е потврден.

zavisni-od-labelo

Според мислењето на Пери Романовски, козметички хемичар, лабелото прави зависност еднаква на цигарите. Оваа хемиска зависност еднакво делува на мозокот, но може да се сведе и на тоа дека ова е веќе присвоена навика.

Долните слоеви на нашата кожа создаваат нови и свежи клетки кои додека да пристигнат на површината постепено изумираат, објаснува Романовски.

Кога ставаме балсам за усни на сува кожа, доаѓа до интерференција во сигналниот механизам, кој им јавува на долните слоеви на кожата дека треба да произведат уште нови клетки“, вели хемичарот.

Кога ставате балсам, на почетокот вашите усни се чувствуваат подобро, но кога ќе исчезне, вашата кожа ќе биде повторно сува и нема да има доволно време да се обнови. Затоа нанесувате уште балсам, и кога ќе се потроши, нанесувате повторно. И пак. И пак. На тој начин станувате зависни. И тоа е своевидна психолошка навика.“ вели Романовски.

Меѓутоа, постои и уште едно објаснување – некои балсами за усни содржат одредени супстанци како што се антисептичката хемикалија фенол и пеперминтот кој делуваат иритирачки и можат само повеќе да ја сушат вашата кожа на усните, а вие постојано да нанесувате нов и нов слој.

Би можело да ве интересира:

Совршен летен маникир - 24 идеи за да бидете во тренд оваа сезона (фото) Ако ги следите советите на експертите, до крајот на летото треба да „се држите“ ...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...
6 бои за маникир кои се тренд за лето 2026 – сите ќе гледаат во вашите нокти Флертувачка розова фушија, нежна и елегантна небесна сина, како и вечната класик...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Црвен лак за силен впечаток оваа пролет - Како да го комбинирате со бои и шари? Наместо еднобојни црвени нокти, експертите за маникир сезонава препорачуваат ком...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg