Фиренца - градот кој мора да се доживее

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-povekjeФиренца е еден од оние градови за кој луѓето сонувале да го посетат уште пред стотици години. За време на ренесансата таа е главен центар на мислата...


...изразувањето и уметноста од сите видови.

Голем број прекрасни цркви, раскошната палати и импресивни споменици биле изградени во текот на вековите, што ја  прави Фиренца еден од најпосетените градови во Италија!

Ова се 8 места кои вредат да се посетат во Фиренца.

1. Тура низ галеријата Uffizi

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-1

Една од највосхитувачките галерии во Фиренца.  Оваа неверојатна збирка се наоѓа на најгорниот кат на Palazzo delgi Uffizi. Зградата главно се користила како административни простории за Medici големиот војвода Cosimo I, но подоцна била и делумно отворена за јавноста. Ова, во суштина, е и прв јавен музеј во Европа.

Во утринските часови најчесто е полно со туристи, па затоа, ако сакате мирно уживање, посетете ја галеријата попладне.

2. Anfiteatro Romano

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-2

Римскиот амфитеатар датира уште од 1 век п.н.е. Има место за 2000 патрони, а се употребува и денес. Околу театарот има и други објекти како Римската бања, два мали музеи како и куќата со археолошки артефакти.

3. Palazzo Vecchio

Првично изграден кон крајот на 1200 и почетокот на 1300 од страна на Arnolfo di Cambio, замокот познат како Палацо Векио сега служи како градско собрание во Фиренца. Замокот бил првично изграден за да послужи како зграда на владата, но бил напуштен за краток временски период, а потоа станал Градското собрание. Задолжително посетете  ги двете најпознатите соби во зграда: Sala dei Cinquecento и Studiolo.

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-3

Првата е во чест на 500 члениот совет кој одржувал состаноци овде, додека втората е наменета на синот на Козмо, Франческо.

4. Piazza della Signoria

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-4

Плоштадот Piazza della Signoria е дел од историјата на Фиренца  стотици години. Монахот Савонарала бил егзекутиран токму тука. Ова е дом на голем број статуи од 14тиот век вклучувајќи ја фонтаната Нептун и Loggia dei Lanzi.

5. Campanile

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-5

Готската камбанарија е дизајнирана некаде помеѓу 1266 и 1337 година од Џото. Препорачуваме да се искачите по 400те скали затоа што ќе бидете наградени со поглед на градот кој го одзема здивот.

6. Базиликата Santa Croce

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-6

Црквата Санта Кроче е една од најконтроверзните и познат во цела Фиренца. Во рамките на црквените ѕидови се сместени гробови, гробишта и споменици кои припаѓаат на Микеланџело, Галилео Галилеј, Никола Макијавели, Лоренцо Џиберти, Данте Алигиери. Точен факт - Галилео не добил свој соодветен погреб до речиси 100 години по неговата смрт како казна за неговиот обид да докаже дека Земјата не е центар на целиот универзум.

7. Паркот Le Cascine

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-7

Порано бил приватен имот во сопственост на Медичи, а отворен за јавноста кон крајот на 19 век. Паркот се протега на 291 хектари и е омилена дестинација за велосипедисти, џогери, скејтери.

8. Piazzale Michelangelo

Плоштад направен во чест на Микеланџело е релативно модерен додаток во градот завршен во 1869 година. Овде се сместени неколку негови реплики изработени од бронза. Овој плоштад е популарна туристичка дестинација заради неверојатниот панорамски поглед од врвот на ридот.

firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-8

И секако, уживајте во магијата на овој град кој никого не остава рамнодушен. Едноставно, Фиренца е нешто што мора да се доживее.

Наша препорака е да го направите ова за Велигденските празници. Повеќе инфо овде:
http://www.granada.com.mk/home/index.php?option=com_content&;view=article&id=118

Е.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите) Египет, домот на древните фараони, е полн со впечатливи храмови, антички гробниц...
„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...
Евтино, а убаво: 5 локации во Албанија со најниски цени за одмор покрај море Летото е во полн ек, температурите се високи и единствен спас од горештините е п...
„Божји очи“: Најубавата пештера во Бугарија на 100km од Софија (фото) Проходна, позната и како „Божји очи“ е една од најубавите пештери во Бугарија, а...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg