7 причини зошто го сакаме Рим

Престолнината на Италија нуди повеќе различни содржини за сечиј вкус. Доколку сте фасцинирани од историските споменици кои датираат од дамнешни времиња, љубител сте на високата мода или уживате во квалитетно кафе, сирење, вино и тестенини, тогаш сте на правото место.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-01

Ви претставуваме неколку нешта кои најсовршено го опишуваат Рим, но секако постојат уште многу детали за кои би можело да се пишува со денови.

Фонтана ди Треви

Познатата градба која мами воздишки од посетителите од целиот свет. Тематика на целата сценографија е морето, во чијашто средина се наоѓа скулптура на Нептун (римскиот бог на морето) која доминира во просторот. Освен што изгледа величествено, некои и препишуваат и магични дејства. Имено, легендата кажува дека морате да фрлите паричка во фонтаната која ќе ви обезбеди враќање во овој прекрасен град. За тоа постои мал ритуал според кој паричката ја фрлате наназад со десната рака, свртени со грбот кон фонтаната.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-1

Верувале на легендата или не, она што е сигурно е дека градот добива значајна количина на парички благодарение на неа. Интересно е што во текот на денот  во фонтаната се фрлаат и по неколку илјади евра.

Тука во секој момент ќе сретнете луѓе од најразлични делови на светот. Кога и да решите да се сликате пред фонтаната, извесно е дека некој ќе ви упадне во кадар, поради големиот број на луѓе собрани на овој мал простор.

Колосеумот

Колосеумот го доловува погледот на гладијаторските борби и враќа во времето на големите императори и нивните робови кои се бореле до смрт како би ги забавувале почитуваните членови на општеството кои доаѓале во потрага по забава. Огромниот амфитеатар некогаш можел да смести дури 50.000 гледачи!

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-2

Пред Колосеумот може да го посетите римскиот форум кој сведочи за некогашнот сјај и гламур на владетелите со остатоците од тримфалните порти кои се правени во нивна чест како би им се оддала почит за успешните освојувања.

Un caffe macchiato per favore

Ова е еден од начините да го нарачате своето омилено кафе. Не е тешко да се запомни, но секој ќе ве разбере и доколку побарате на англиски. Италијаните се мајстори за правење на најдобро кафе. Еспресо, макијато, капучино се само некои од оние кафиња кои можат да се пијат ширум Европа, но истите тие имаат некој сосема поинаков шмек тука.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-3

Интересно е на пример, што во Рим ќе наидете на кафетерии каде луѓето доаѓаат да го испијат своето кафе “од нога”. Таму нема столчиња и маси, туку посетителите нарачуваат на шанк некое од кафињата кои се служат во мали шољички и го испиваат во две голтки. Тие не се задржуваат подолго од 10 минути, што е доволно за да се освежат со омилениот напиток и продолжуваат понатаму по својот пат. Една таква кафетерија во центарот на Рим покрај која сигурно ќе поминете е Tazza d’Oro.

Тестенини со различни форми и вкусови

Љубителите на паста ќе се чувствуваат како кралеви во свој свет. Најразличните видови на тестенини спремени al dente со илјадници преливи. Доколку сакате јаки сирења, горгонзолата е одличен избор за тестенини или за дегустација на некое од италијанските вина.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-4

Во централниот дел на градот можете да најдете многу мали улички со ресторани кои кога е убаво времето ги вадат масите надвор. Тогаш имате прилика да јадете набљудувајќи ги минувачите кои забрзано се движат низ италијанската престолинина.

La Moda Italiana

Armani, Versace, Dolce&Gabanna нема потреба од дополнително објаснување, имињата кажуваат сè. Италија е синоним за стил и гламур. Нејзините креатори му ги имаат објаснето модните правила на целиот свет. Во прошетката низ Рим ќе налетате често на места каде можете да купите убави и квалитетни работи за помалку или повеќе пари, сè зависно од вашите аспирации и можности.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-5

Кога ќе тргнете од шпанските скали во прошетка, патот ќе ве однесе на познатите улици via Condotti и via del Corso, во кои се наоѓаат продавници како што се Dolce&Gabbana, Chanel, Louis Vuitton, Swarovski. Доколку сте љубители на врвен шопинг или пак само сакате да зирнете на момент во тој свет на висока мода и гламур вие сте на правото место.

Кога ќе ги погледнете луѓето околу вас, ќе дојдете до заклучокот дека се сите средени и со стил. Ќе ги препознаете Италијанците меѓу илјадниците луѓе. Во секој момент делуваат како да се дојдени од некоја модна ревија.

Повеќето од момчињата се црнокоси, залижани, со наочари за сонце, во кошулчиња, елечиња, црни панталони и јакни. Никој не се грижи што е надвор можеби поприлично топло, тие не отстапуваат од својот очекуван изглед. Кај Италјаните не е значајното толку во вредноста на гардеробата, туку во самиот стил. Тие знаат како од пристапните модели на гардероба да ја направат „онаа правата комбинација”, или што би се рекло „знаат како да ги носат работите”.

Светиот ангел

Прекрасниот замок Sant’Angelo, е изграден во II век. Низ времето имал различни функции. Користен е како тврдина, папска резиденција, затвор, а сега е претворен во музеј.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-6

До замокот води истоимениот мост преку Тибар. На мостот се наоѓаат статуи на ангели поставени симетрично една спроти друга. Според легендата, тие се ангелите кои го чуваат замокот. Дали е тоа поради легендата или пак по некоја логика, замокот многу успешно го избегнал забот на времето и изгледа подеднакво величествено денес како и во далечната 139 година кога е направен. Доколку сте фанови на популарната серија “Borgias”, веројатно го имате забележано овој замок во некоја од сцените.

Лидо ди Остиа

На само половина час возење од Рим, се наоѓа едно мало местенце на Тиренското море, кое се вика Остиа, и служи како место каде Италијаните можат да се сокријат од бучавата и гужвата предизвикани од толпата туристи во нивниот град. Тој дел е резервиран само за локалците, а за тоа сведочи и фактот што луѓето кои работат во рестораните на самата плажа не зборуваат англиски.

7-pricini-zosto-go-sakame-rim-7

Толку е убаво да се доживее малку автентичен италијански шмек, далеку од лудилото на пребукираната престолнина. Климата е многу поволна па можете и на почетокот од мај да се освежите во морето.

Би можело да ве интересира:

Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg