Храна која треба да ја избегнувате додека патувате

Колкави гурмани и да сте, би требало да внимавате што дегустирате, посебно кога патувате низ светот.

hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-dodeka-patuvate-01

За да го намалите ризикот од болести, паразити или бактерии, важно е да се придржувате кон неколку основни правила.

Вода од чешма

Заразената вода е една од најчестите причинители за болестите кои владеат низ светот. Затоа, информирајте се за водата и чистотата на храната за дестинацијата на која патувате. Ако барем малку се сомневате, пијте исклучиво флаширана вода и сокови, а избегнувајте го и одржување на хигиената на устата со вода од чешма.

Мраз

Слично како и со водата од чешма, некои бактерии може да преживеат и во леден облик. Затоа, подобро е да го прескокнете мразот кога станува збор за разладување на пијалоците. Ако ви се пие нешто ледено, не се срамете да го побарате најстуденото пиво кое го имаат и нагласете дека мразот не доаѓа во предвид.

Храна која има големи шанси да е нечиста

Ако сте љубители на брзата храна, треба добро да процените кој локал е сигурен за консумација, а кој не. Храната која ќе падне на секунда од рацете на оној кој ве услужува, а потоа истата ќе биде вратена во вашиот сендвич не доаѓа во предвид. Избегнете ги ваквите непријатности со тоа што кога и да бидете во можност, надгледувајте како го подготвуваат вашиот сендвич.

hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-dodeka-patuvate-02

Хигиена на готвачите и келнерите

Бактериите кои се таложат на рацете се едни од најопасните, па затоа секогаш ресторанот или сендвичарата судете ги по чистотата на оние кои ја служат храната, нивната облека, како и чистотата на масата, столчињата и кујната.

Топло јадење

Свежо подготвеното јадење е секогаш поздраво отколку она подгреаното. Затоа, доколку нарачате пржен компир, печено месо или некое друго јадење кое се сервира исклучиво топло, добро проверете дали е онакво какво што треба. Доколку е само подгреано надворешно, а внатрешноста ви е сомнителна, веднаш вратете го. Нема потреба да ризикувате.

Храна и сонце

Контролирањето на температурата во која стои храната е клучен фактор за нејзината сигурност. Обично готвената храна има рок на траење два часа по пржењето, варењето или печењето. Ако гледате штандови преполни со вкусна храна, која сигурно е на сонце подолго од неколку часа, бегајте подалеку. Незаштитената храна од сончевите зраци е сигурно место за размножување на бактериите.

Свежа храна

Овошјето и зеленчукот се здрави намирници, но не и во земјите каде што водата од чешмите е загадена. Во тој случај, подобро избегнувајте да нарачувате свежи салати или овошни купови. Секогаш консумирајте зеленчук и овошје кој претходно ќе го исплакнете со флаширана вода.

hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-dodeka-patuvate-03

Би можело да ве интересира:

Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg