Мини потсетник за патување

Многу пати до сега ви се случило да се вратите од прекрасно патување и тек тогаш да ви текне што сè требаше или пак не моравте да направите додека бевте таму?

23-raboti-koi-postojano-gi-zaboravame-dodeka-patuvame-01

За среќа, никогаш не е доцна да научите. Искористете ги шансите кои доаѓаат и запаметете:

1. Фотографирајте сè околу себе. Ако го заборавите апаратот, фотографирајте со мобилниот или купете апарат за една употреба. Фотографиите се најдобри спомени.

2. Пред поаѓањето скенирајте ги важните документи и пратете си ги на сопствениот мејл. Никогаш не знаете кога ќе ви затребаат.

3. Понесете книга. Патувањето некогаш значи дека ќе имате многу повеќе време отколку што мислевте.

4. Најважните работи пакувајте ги во ранецот. При рака секогаш имајте ги козметичките препарати и неколку парчиња облека. Незгоди со багажот се случуваат секојдневно, па бидете подготвени.

5. Проверете каква е водата и храната таму каде што патувате. Не заборавајте дека флашираната вода е секогаш најдобар избор, свежите плодови имаат предност, а пожелно е да го избегнете внесувањето на брза храна.

6. Никогаш не го чувајте телефонот на масата во ресторанот каде појадувате, ручате или пиете кафе. Добро би било со вас да го носите стариот мобилен телефон.

7. Набавете локална картичка за мобилен телефон.

8. Секогаш, ама баш секогаш имајте резерва храна и вода во вас.

9. Веднаш штом пристигнете, купете си мапа.

10. Никогаш и никаде не им верувајте на оние кои ви нудат најевтино такси. Распрашајте се, споредете ги цените и условите, па дури тогаш сами одлучете. Исто така внимавајте и каде менувате пари.

11. Верувајте и на интуицијата. Ако нешто не ви се чини исправно, најверојатно и не е.

12. Понесете очила за сонце, каде и да одите!

23-raboti-koi-postojano-gi-zaboravame-dodeka-patuvame-02

13. Однапред резервирајте сместување, барем за првата ноќ.

14. Запишете ги сите важни адреси и телефони во порака или на еден лист. Не знаете дали секогаш ќе можете да се поврзете на интернет и да проверите.

15. Кога излегувате, шетате, јадете, следете ги локалните жители. Тие секогаш знаат што е најдобро.

16. Замотајте ја облеката во ролни. Така ќе имате многу повеќе простор во куферот за новите работи кои ќе сакате да ги вратите дома.

17. Три пати размислете со кого патувате.

18. Бидете сигурни дека ќе потрошите повеќе отколку што планиравте, па не е лоша идејата да ставите неколку евра плус во тајно џепче во куферот.

19. Не правете премногу густ распоред. Некогаш ќе ви биде потребен подолг одмор од очекуваниот, па затоа не се форсирајте.

20. Никогаш со вас не носете нешто без кое не можете да живеете доколку го загубите или заборавите некаде.

21. Понесете си јакна која штити од дожд и ветер ако патувате во есенски и зимски период.

22. Ако сте алергични на нешто, научете како таа состојка се изговара на локалниот јазик.

23. Гответе кога и да имате можност. Заштедете барем на еден оброк во денот.

23-raboti-koi-postojano-gi-zaboravame-dodeka-patuvame-03

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg