Европски градови за романтично бегство од реалноста

Како што се буди пролетта и целата природа, така и љубовта станува поинтензивна и поромантична. Сончевото време, синото небо, цветните полиња ве тераат само на одмор, уживање и романтични моменти со драгата личност до вас.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-01

Но, понекогаш сте презаситени од глетките и местата од градот во кој сте секојдневно. Затоа, добро е да ги знаете најромантичните градови во Европа, каде може да отпатувате и да поминете незаборавни моменти.

1. Дубровник, Хрватска

Познат е како вистинско мало богатство на Јадранот. Со својот стар камен дел на градот кој ги чува приказните од минатото, Дубровник е балканскиот најромантичен град кој ви нуди интимно доживување.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-1


2. Стокхолм, Шведска

Со шарените фасади и интересните градби овој град е нордиската Венеција. Место каде може да уживате во долгите прошетки по улиците и да уживате воодушевувајќи се на глетките.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-2


3. Виена, Австрија

Главниот град на Австрија е еден од најелегантните класично романтични градови кои се исполнети со историски барокни градби, култура на класична музика и романтични кафулиња.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-3


4. Лисабон, Португалија

Лисабон е егзотична дестинација со многу позитивна енергија, музика, насмевки и интимни ресторани.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-4


5. Лондон, Англија

Лондон е еден од најголемите и најпосетените градови во кој е направен неверојатен спој на историска монархија, кралски град, а истовремено и модерен и различен од сите останати. Место каде може да имате уникатно искуство и романтично доживување кое е незаборавно.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-5


6. Севиља, Шпанија

Магичен град со интересна архитектура, андалузиска култура, бавно темпо , вкусна храна и совршено романтично бегство.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-6


7. Санторини, Грција

Белиот рај покрај кристално синото море е едно од најромантичните места кое нуди посебно доживување и неверојатно уживање. Утринскиот поглед кој е незаменлив, вечерите на зајдисонце се она што сигурно само ќе ја дополни вашата љубов.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-7


8. Чинкве Тере, Италија

Петте карпести шарени селца во Италија се дефинитивно најромантичното рустикално место во Европа, кое со својот раскошен шарм ќе ве маѓепса и ќе ве воодушеви. Таму е позната Via dell’Amore (Патеката на љубовта) каде на карпите може да ги запишете вашите имиња за да ја обележите љубовта.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-8


9. Азурниот Брег, Франција

Едно од најатрактивните и најлуксузните места во Европа, познато монденско место каде најчесто патуваат славните личности, но доколку може да си дозволите, ништо не ве спречува и вие да ги посетите Кан, Монте Карло, Ница и да се изгубите во синилото на азурните води.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-9


10. Париз, Франција

Премногу филмови, книги, фотографии и приказни се сведоци и докази дека не залудно е прогласен за најромантичниот град или градот на љубовта. Со еден посебен француски шарм кој ве освојува штом еднаш прошетате по Елисејските полиња или одите на ноќното крстарење по реката Сена.

odberete-go-najromanticniot-grad-vo-evropa-10

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg