6 страшни места во Европа кои мора да ги посетите

Запознајте ги најстрашните места во Европа кои барем еднаш во животот мора да ги посетите, бидјеќи иако сега се напуштени и морничави, во минатото биле убави места кои вределе да се посетат.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-1

Ова се 6те најстрашни градови и села во Европа кои чекаат некој повторно да ги открие.

Агдам, Азербејџан

Ова е град кој во минатото имал 40.000 жители. Бил уништен од војна во 1993 година и оттогаш се смета за еден од најстрашните места во Европа поради уништената архитектура од која најмногу настрадале џамиите. Агдамската џамија важи за една од најстрашните градби од тоа време.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-2

 
Пирамида, Русија

Напуштен град во Русија кој важи за страшен поради мртвата тишина и страшната смиреност во него. Во овој град 10 години немало стапнато човечка нога, сè додека во 2007 не бил изграден хотел со цел да се оживее местото. Никој оттогаш не се осмелил да резервира соба тука бидејќи освен што е напуштен и страшно мирен, познат е како град на духови во Русија.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-3

 
Солана Валеи, Италија

Составен од многу околни разурнати села кои во минатото биле дом на многу луѓе кои живееле на традиционаен начин и се занимавале со агрокултура.

Оваа околина во Италија станала една од најстрашните места во Европа бидјеќи сите жители се отселиле поради организациско движење кое сакало да ја уништи нивната шума. Доколку одлучите да го посетите токму ова место ќе наидете на многу разурнати цркви и куќи кои потсетуваат на оние од хорор филмовите.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-4

 
Села на Фарските острови во Данска

Ако сакате да избегате од цивилизираниот свет, одбирајќи едно од напуштените села можете да резервирате куќа во која живееле поранешните жители. Куќите се морничави и страшни, но ако сакате да го победите вашиот страв живеењето во една од овие куќи е правилниот избор за вас.

Во минатото во едно од селата живееле само 7 жители кои се одлучиле заедно да одат на риболов. Тој ден сите се удавиле во морето и оттогаш селата постепено почнале да ги напуштаат и останатите жители.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-5

 
Ciudad Valdeluz, Шпанија

Планиран да биде град во кој ќе живеат 30.000 луѓе со околу 9.500 домови, лоциран во Шпанија, станал град на духови во кој не се населиле повеќе од 2.000 жители. Причината за тоа е кризата која ја зафати Шпанија во 2012 и ја уништи неговата убавина давајќи му епитет на мртов град.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-6

 
Припјат, Украина

Припјат е напуштен град во северна Украина. Градот е основан во 1970 година како живеалиште на работниците од Чернобилската нуклеарната централа, а е напуштен во 1986 година, по Чернобилската несреќа.

Населението на градот изнесувало околу 50.000 пред несреќата. Целиот град бил евакуиран за два дена по избивањето на катастрофата. Тоа е доволна причина овој град да се смета како за еден од 6-те најстрашни места кои ги крие Европа.

6-strasni-mesta-vo-evropa-koi-mora-da-gi-posetite-7

Дали би посетиле некое од овие места?

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg