Tоп 10 градови кои треба да ги посетите во 2015 година според Lonely Planet

Оваа 2014 година веќе полека одминува, па она што се најавува во градовите за следната 2015-та веќе е познато. Според тоа, но и според сè што се знае досега за некои места, Lonely Planet веќе ги издвои најдобрите 10 градови кои треба да ги посетите.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-01.jpg

1. Вашингтон, САД

Вашингтон е еден од најдобрите светски музеј градови, каде особено се истакнува музејот Smithsonian. Во 2015 година се одбележуваат 150 години од убиството на Абрахам Линколн, па ќе бидат изложени многу артефакти.

Многу проекти се веќе започнати, меѓу кои ќе биде отворен и Меморијалниот центар за американските ветерани.

Во Вашингтон ќе најдете класични и отмени ресторани, но и некои многу стари и ексклузивни со долга традиција и врвна услуга.

Овој град прераснува и во шопинг центар, каде може да најдете и парчиња дизајнерска облека накит.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-1.jpg


2. Ел Чалтен, Аргентина

Се смета за некој вид на поново гратче во Аргентина, каде владее селска атмосфера, со околни патеки. Најблискиот аеродром е оддалечен на 3 часа и единствениот цивилизиран пат во градот е Ruta 23 од El Calafate.

Место кое мора да го посетите пред да стане пренаселено бидејќи е убаво заради планините, карпите, глечерите и дивата природа.

Има замрзнати езера, прекрасна шума и водопади. Во Националниот парк „Los Glaciares“. Во 2015 се одбележуваат 30 години откако е откриено ова место како главен трек терен во Аргентина, пред дивиот и мистериозен Hielos Sur.

Во однос на храната, откако ќе ви досадат сите супи и ситни закуски како нудлс, добро е да ја пробате аргентинската скара „асадо“ или „парила“.

За сместување единствено место е камп центарот Relincho. Не е многу удобно, но нема да најдете друго поудобно или поевтино место.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-2.jpg


3. Милано, Италија

Вистински центар на добрата храна, пијалак, култура и пред сè мода. Се смета дека таму дури и банкарските службеници имаат поскапи чевли од просечните компјутери. Дамите носат чанти на Прада и секогаш имаат средени фризури.

Во 2015 година во градот ќе се случува саем на храната кој е традиционален уште од 1800-тата година. Храната е во срцето на Италијанците, а и нема некој што може да ѝ одолее, без разлика од каде доаѓа. Сето тоа исполнето со улични музичари, артисти, забавувачи на плоштадите, кои го даваат вистинскиот италијански дух.

Во Милано најпозната е готската катедрала или Duomo di Milano која е петта најголема во светот.

Покрај храната, Италијанците се познати и по кафето, а во Милано има дури 600 кафулиња.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-3.jpg


4. Цермат, Швајцарија

Цермат е уште еден град создаден за сите авантуристи и вљубеници во природата, но и оние кои сакаат да вистински да се одморат.

Во 2015 година ќе се прослават 150 години од првото искачување на планината Matterhorn и по тој повод ќе се организира огромна забава.

Сите активности се поврзани со планините, качувањето или скијањето. Градот знае да биде и многу романтичен на изгрејсонце и зајдисонце. Пејзажите се нешто незаборавно. Постојат и неколку музеи кои може да ги посетите.

Тука може и во рестораните да уживате во домашната храна, бидејќи сè е од природно потекло и од она што го нуди околината.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-4.jpg


5. Валета, Малта

Гратче во Малта, кое ако досега не сте го посетиле, мора да го направите тоа. Во 2015 година го прославува својот 450-ти роденден. Но, во текот на годините има доживеано многу промени, особено во последниве неколку.

Богато е со музеи и многу барокни катедрали. Не смеете да пропуштите да го видите и обновениот отворен театар.

Овде може да јадете во Trattoria da Pippo каде ќе уживате во италијанската кујна со примеси на малтешката.

10-najdobri-gradovi-koi-treba-da-gi-posetite-vo-2015-5.jpg


Уште 5 градови кои треба да ги посетите во 2015 година, на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg