10 работи од кои ќе се разочарате кога ќе ја посетите Италија за прв пат

Пица, тестенини, еспресо, кожни чанти, историски знаменитости, катедрали и многу порции превкусен џелато се дел од работите кои туристите очекуваат да ги затекнат во Италија.

10-raboti-od-koi-ke-se-razocarate-koga-ke-ja-posetite-italija-za-prv-pat-01.jpg

Додека истражуваме за земјата која сакаме да ја посетиме многу често ги занемаруваме информациите за локалното население, а всушност тие се срцето и душата на една земја.

Патувањето во Италија ќе ви остане во сеќавање како прекрасна авантура, но пред да ги спакувате торбите, мора да ги имате предвид овие 10 работи.

1. Вревата е често неподнослива

Кога на странците некој ќе им спомне Италијанци, првата асоцијација секогаш е вревата. Постојаната, сеприсутна, заглушувачка врева. За туристите, кои првпат се во Италија секое излегување од хотелот е авантура сама по себе кога ќе се најдат на улиците полни со луѓе кои разговараат, викаат, се караат гласно по телефон, свират додека возат...

Имајте предвид дека ѕидовите во Италија се прилично тенки, па може да се случи заедно со соседите, и вие да гледате, односно слушате телевизија. За жал, решение за овој проблем нема, но знајте дека со време ќе се навикнете и на најголемата врева и викотница.


2. Јадењето е составено од неколку различни порции

Не очекувајте јадењето да ви биде послужено одеднаш. Традиционалниот италијански оброк е составен од најмалку три различни порции.

Менито се состои од антипасто, вид на предјадење составено од салама и мариниран зеленчук, прими пиати (рижото, тестенини или њоки), главното јадење е секонди пиати кое може да се служи со или без конторно - зеленчуков гарнир. Оброкот се завршува со десерт кој најчесто е турамису, панакота или џелато.

На странците им е чудно да јадат тестенини без месо, прилози и салата, но во Италија порциите не се служат заедно.


3. Појадокот е лесен и сладок

Типичниот италијански појадок колационе се состои од филџан топол пијалак како кафе, капучино, топло чоколадо или црн чај и слатко печиво како бриош леб, кроасан или колаче. Ако сте навикнати на обилен (и солен) појадок, најдобро би било да појадувате во хотел.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-1

4. Гестикулациите се задолжителни

Италијанците не би биле Италијанци кога не би гестикулирале со раце. Туристите тешко ја забораваат глетката на група Италијанци кои гласно разговараат додека рацете им летаат наоколу.

Гестукулацијата Италијаните ја наследиле од далечното минато кога грците дошле да го колонизираат Непал. Тогаш Италијанците почнале меѓусебно да комуницираат со гестови за да не ги слушнат непријателите и така почнала традицијата која сè уште постои во италијанската крв.

Сакате да научите како невербално да комуницирате со Италијанците? Ако нешто ви се допаѓа, спојте ги прстите и бакнете ти. Некој ве нервира? Поминете со задниот дел од прстите нагоре по вратот и преку брадата. Но, сепак, внимавајте со последната гестикулација, Италијанците се многу темпераментен народ.


5. Децата се главни

Странците за многу кратко време забележуваат дека на Италијанците семејството им е на прво место. Децата им се најважни во животот, тие се смислата на нивното постоење.

Децата во Италија имаат поголема слобода од нивните врсници низ светот и им се дозволува да прават сè што сакаат во јавност. Тие се добредојдени во сите ресторани, дури и во најелитните, и никој не е изненаден од глетката на разиграни деца кои се бркаат околу масите додека гостите јадат.


6. Италијанците возат како луди

Размислете двапати пред да седнете зад волан во Италија и осигурете се дека ќе може да возите покрај лудите (иако вешти) италијански шофери. Да, тие нема да држат растојание, постојано ќе се обидуваат да ве претекнат и воопшто нема да ги почитуваат сообраќајните знаци. 

Сè ова е сосема нормално во Италија и затоа воопшто не изненадува податокот дека секоја година последователно ги прогласуваат за најлоши возачи во цела Европа.

Ако сè уште сакате да изнајмите автомобил во Италија, возете со самодоверба и научете неколку италијански пцовки, верувајте дека ќе ви требаат.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-2

7. Личен простор, што беше тоа?

За Италијанците сосема е нормално да застанат блиску (односно да се „залепат“) до личноста со која разговараат, како и тоа постојано да го допираат соговорникот за рака и дланка. Што се однесува до Италијанците, близината и телесниот допир се задолжителен дел од вербалната комуникација.


8. Продавниците затвораат на пладне

Однапред планирајте си го денот со внимание бидејќи во Италија продавниците затвораат во периодот од 12:30 до 15:30. За разлика од шпанската „сиеста“, Италијанците не спијат туку времето го користат да одат дома, да зготват нешто и да одморат пред да се вратат на работа.


9. Кафето има различна цена во зависност дали ќе седите или стоите

Додека сте во Италија, искористете го времето да уживате во неповторливиот вкус на вистинското еспресо, капучино, макијато, кафе лате, кафе фредо... Кафето во Италија се пие во посебен „кафе бар“ но немојте овие италијански барови да ги поистоветувате со нашите во кои се точи алкохол.

Тука ќе влезете, ќе најдете слободна каса, ќе платите, ќе и се придружите на колоната бучни Италијанци и кога ќе дојде вашиот ред, ќе порачате кафе.

Ќе забележите дека најголемиот дел од мештаните стојат додека пијат кафе, тоа е сосема нормално во Италија. Но, ако сте навикнати да седите додека пиете кафе бидете подготвени дека ќе мора да доплатите ако сакате да ве сместат на некоја од масите.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-3

10. Италијанците доцнат, и тоа многу!

Нешто што многу ги изненадува туристите е сознанието дека Италијанците, кои важат за многу динамичен народ, всушност се многу опуштени. Обидете се да не се фрустрирате додека чекате, но Италијаните се озлогласени по тоа што многу и постојано доцнат.

Би можело да ве интересира:

Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg