Лет со шарени балони низ убавините на Кападокија

Кападокија е голем регион во срцето на Турција и дом на прекрасни пејзажи од неверојатни и спектакуларни карпести формации и пештери. А, погледот од птичја перспектива дополнително го прави искуството уникатно и воодушевувачко.

let-so-sharen-balon-niz-ubavinite-na-kapadokija-01.png

Подготвени да летнете во височините?

Приказната започнува милиони години наназад кога два жестоки вулкани еруптирале од нежните вулкански карпи и кои со текот на времето еродирале од острото време.

Резултатите се воодушевувачки и ден денес го одземаат здивот на сите оние кои имаат можност лично или преку фоторепортажи да го погледнат ова прекрасно место кое времето го употребувало како канвас за изразување на природната уметност.

Работата натаму ја продолжила човечката рака. Луѓето тука ги граделе своите пештерски домови, па манастири и цркви кои се уште се далеку од главоболките на модерното време.

Дали некогаш сте сонувале за патување со балон како во приказните на Жил Верн? Секако патувањето нема да трае 80 дена, туку само еден час кој ќе ви се чини како 10-тина минути.

Кападокија секоја година е исполнета со илјадници балони кои дополнително ја обојуваат. Тука небото не е ѕвездено, ниту пак сино.

Тука небото е исполнето во боите на целокупниот спектар од балоните кои слободно се придвижуваат во височините.

Погледнете како изгледа еден таков лет:

Би можело да ве интересира:

Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg