Алпска куќичка сред Лондон

alpska-kukicka-vo-london-povekjeАвтентична швајцарска дрвена куќа или колиба, какви што се градат на Алпите, е направена и во центарот на Лондон. Се наоѓа во дворот на “Swissotel The Howard“.

 

Овој “Swiss Chalet“ е дело на мајстори од Швајцарија, со сите традиционални декорации и ракотворби, за гостите да се чувствуваат пријатно и како да се некаде на Алпите.

Наменета е за специјални забави и компаниски настани, а собира 250 гости.

Храната е типично швајцарска, се разбира, со познатото фонду од сирење, оброците од посебно обработен сецкано месо, богат избор салати, а за десерт извонредната штрудла од јаболка со пудинг или тортата од цреши со “Chantilly“ крем.

alpska-kukicka-vo-london

По вечерата, гостите можат да уживаат покрај каминот со чаша варено вино. Швајцарската куќарка во центарот на Лондон ќе биде се до 31 март 2010 година, отворена е од 18 до 22 часот, а комплетното мени е околу 30 евра по човек.

Уникатно и навистина убаво изработено! Браво!

Би можело да ве интересира:

3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...
На кои места во Грција е најтопло морето во јуни? Сакате да одите на одмор во јуни, но не знаете дали е морето доволно топло за пл...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...
Луксузен ресорт е егзотичен рај во Индонезија (фото) На што помислувате кога ќе го чуете поимот луксузен хотел? Дали е тоа место со о...
10-те најдобри туристички искуства во Хрватска, според посетителите Хрватска е една од омилените дестинации за нашите, но и за светските туристи. Се...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg