Град од бајките: Магичниот шарм на Љубљана

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои шетаат по бројните замоци, сепак има некој неопишлив шарм кој голем дел од европските градови веќе го изгубиле.

grad-od-bajkite-magichniot-sharm-na-ljubljana-001.jpg

Материјализирајќи ја детската фантазија, магичните чуда, во Љубљана се наоѓаат добри кафулиња, интересна архитектура и има што да посетите.

Како би требало да ви изгледа еден максимално искористен ден?

 Наутро:

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-02

Љубљана е едно од местата кои најдобро се истражуваат пешачејќи или со велосипед.

Од главната железничка станица позната како Ljubljanska zeleznicka postaja, до тројниот мост (Tromostovije) има некои 20-минути одење.

Ако барате добро сместување, бројните хотели и мотели нежно сокриени покрај реката Љубљаница чинат 35-250 евра од вечер.

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-03

Овде, утрата имаат посебна убавина. Разбудете се уште во зорите и уживајте во прелевањето на розово - синото небо.

За да го почнете денот на совршен начин, почестете се со ароматично кафе и сладок кроасан заедно со реката од студенти, работници и секојдневните луѓе кои ги шетаат своите кучиња. Најдобро место за тоа е Централниот пазар кој започнува со работа уште во 6 часот наутро (секако, освен во недела).

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-04

Како што шетате помеѓу тезгите со свежо овошје, домашни маслени тинктури и дрвените играчки, упатувајќи се кон Љубљанската тврдина, ќе ги поминете Змејскиот и Месарскиот мост лоцирани од левата страна. Иако звучи чудно, Месарскиот мост е совршен за парови затоа што таму има многу заљубени кои прицврстуваат гравирани катинари со нивните имиња и ги фрлаат клучевите во реката.

Од друга страна, Змејскиот мост, опколен со 4 статуи на змејови го прикажува вистинскиот љубљански дух и самата смисла на градот. Постојат неколку легенди, но најпозната е онаа во која грчкиот херој Јасон и неговите аргонаути се бореле со змеј кој живеел во реката. Како заштитник на градот се смета токму тој змеј, а реинкарнации на зелени змејови можете да видите насекаде.

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-05

Ако сакате да ја посетите Љубљанската тврдина, најдобро ќе биде тоа да го направите пред 11 часот, бидејќи тогаш има најмалку посетители.

Задолжително одете до врвот на тврдината за да ја видите прекрасната панорама која ја има Љубљана. Иако тоа ќе ве чини скромни 5 евра, сепак тоа е нешто што не треба да го пропуштите. Од тука можете да ја забележите розовата црква која се крие под превезот на паркот Тиволи, кој е одличен за дневни прошетки.

Иако тврдината е модернизирана, нејзините почетоци датираат од 15-тиот век. Куклениот музеј, лоциран во близина на Љубљанската тврдина, е навистина интересен и забавен и кој вреди да застанете и да го посетите.


Попладне:

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-06

Ако имате само едно попладне во Љубљана, тогаш ќе сте разочарани затоа што немате повеќе.

Ако времето ви дозволува, едно од најдобрите места каде може да го впиете живописниот љубљански шарм е паркот Тиволи. Таму имате ботаничка градина која може бесплатно да ја посетите, детски музеј, музеј на ликовна уметност, музеј на модерна уметност со цена од 5 евра и историскиот музеј кој чини 3.50 евра.

Како надополнување на прекрасните патеки, базените, тениските игралишта и спортскиот комплекс, паркот Тиволи нуди бројни интересни активности на кои можете да го потрошите денот. А дури во некои делови од паркот можете да си направите пикник.

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-07

Уште една навистина добра идеја која може да ја реализирате ако имате време, е посета на градот Блед, за кој имате возови на секој час.

Задолжително влезете во грандиозната црква Успение на Богородица која се наоѓа во центарот на ледничкото езеро Блед. Врнежи или сонце, магла или снег, езерото Блед ќе ве освои со својата убавина во било кое годишно време.

Можете да пешачите или да возите велосипед, а може и да изнајмите кајче за одблиску да ги истражите тиркизните води. Блед е градот кој не смеете да го пропуштите, кој ќе ве освои со својата хармонична убавина и ќе ви остави безброј спомени за кои уште долго ќе зборувате.

Навечер:

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-08

Релаксирајте се во некое од кафулињата покрај реката Љубљаница со квалитетно локално вино. Словенија можеби не е позната како вински регион, но тоа не значи дека не произведува квалитетно вино. Всушност, голем дел туристи ја посетуваат токму поради тоа. Оваа земја е дом на најстарото произведувано вино во светот кое сѐ уште постои денес и после 400 години.

Верувале или не, добар избор за јадење е пицата. Дури, Словенците прават подобра пица од Италијанците. Затоа уживајте во доброто вино и вкусната пица кои ќе ве поведат на едно неверојатно патување од софистицирани вкусови.

grad-od-bajkite-magicniot-sarm-na-ljubljana-09

За крај, прошетајте до Mestni trg т.е. до градскиот плоштад. Овој кварт датира од 12-тиот век и е исполнет со градби од Ренесансата и Барокот кои постојат уште од 17-тиот век.

Ако сте расположени за десерт и мала инспирација за уредување на домот, застанете до Роба.

Еден ден во Љубљана е како ден поминат во омилените приказни. Одново и одново, без престан. Затоа ако некој ве праша зошто сте го одбрале токму него, слободно одговорете дека сте во потрага по вашата бајка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...
Се наоѓа на Карибите, за еден ден ќе ви требаат 1.700 евра – Како изгледа најскапата летна дестинаци... Гратчето Густавија на карипскиот остров Свети Вартоломеј е прогласено за најскап...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg