9 ресторани лоцирани на најневеројатните места во светот

Кога темата на разговор е романтична вечера, секогаш замислуваме вкусна храна, интимна атмосфера, свеќи и тивка музика, нели?

9-restorani-locirani-na-najneverojatnite-mesta-vo-svetot-001.jpg

Овие 9 ресторани не се водат по утврдените правила за нормален оброк. Тие воодушевуваат со својата локација, дизајнот и внатрешниот ентериер и ќе посакате да вкусите нешто од нивните специјалитети на минимум три наведени локации.

Под вода, на дрво или меѓу облаците?

Погледнете ги рестораните на најневеројатните места низ светот:

„Ithaa Undersea” на островот Рангали, Малдиви

Изградбата а овој ресторан кој се наоѓа на 5 метри длабочина во Индискиот Океан чинела неверојатни $5 милиони долари. Низ масивното стакло имате поглед од 180 степени кон коралните гребени и постојаните морски жители како рибите и ајкулите.

02.jpg

„LumiLinna Snowcastle” во Кеми, Финска

Иако храната во овој снежен замок се служи топла, температурата внатре изнесува -5 степени, така што соблекувањето на зимската јакна не е пожелна опција. Ресторанот е отворен од јануари до април, во период кога временските услови го дозволиваат тоа, а ова ледено архитектонско лудо се обновува секоја година со посебни алати.

03.jpg

„The Dining Pod” во Ко Кут, Тајланд

Овој ресторан го сфатил поимот еколошки мошне сериозно. Ручате босоноги, а увозот на флаширана вода е забранет. Наместо тоа, ја служат и продаваат сопствената вода во стаклени шишиња, со што ја елиминираат употребата на пластика. Пространството на тиркизна вода околу ресторанот на дрво само ја збогатува магичната глетка.

04.jpg

„The Rock” во Занзибар, Африка

„Карпата“ ја започнала својата кариера скромно, како прибежиште на локалните рибари, a денес е еден од најпознатите ресторани за морска храна во Занзибар. За време на ниската плима, гостите без проблем може да преминат преку водата, но за време на високата, за секој од нив е обезбеден превоз со бротче.

05.jpg

„Aescher Wasserauen”, Швајцарија

На прашањето како се стигнува до овој ресторан, одговорот е едноставен – со жичарница. Глетката е извонредна, но застрашувачка истовремено. Ќе го задржите здивот од магичните пејзажи и височината, но еднаш штом ќе стигнете во ресторанот, секое залче вреди за претрпениот страв.

06.jpg

„De Kas” во Амстердам, Холандија

Во 2001-та година, престижниот готвач Герт Хејџмен, сопственик на една Мишелин ѕвезда, го спречил уривањето на оваа масивна стаклена градина, трансформирајќи го во ресторанот од своите соништа, со храна која се купува директно од локалните пазари и се сервира свежо зготвена на масата.

07.jpg

„Grotta Palazzese” во Пуља, Италија

Отмениот ресторан кој е сокриен во варовничка пештера е отворен само 6 месеци во годината (од мај до октомври), бил домаќин на многу гламурозни вечери уште во 18-от век, кога италијанската аристократија организирала балови и свечени прослави.

08.jpg

„The Airplane Restaurant” во Колорадо, САД

Овој Боинг КС-97 се користел за време на 50-тите години од минатиот век за да снабдува со гориво други авиони, а својата кариера ја завршил како целосно функционален ресторан, кој може да послужи 42 гости со неверојатно гастрономско уживање во несекојдневен ентериер.

09.jpg

Овие ресторани буквално „никнуваат“ среде небото со помош на кран, кој во воздухот ги крева масата, столчињата и сите неопходни елементи за една вечера, вклучувајќи ги гостите и храната, секако.

Поготвени сте да вечерате со облаците?

10.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg