Историја, плажи, вкусна храна: Еден ден на островот Лимнос

Во северниот дел на Егејското море, на пола пат измеѓу полуостровот Халкидики и турскиот брег е вгнезден островот Лимнос, или уште познат како Лемнос. 

istorija-mitovi-uzivanje-zapoznajte-go-ostrovot-limnos-001.jpg

Централното место на овој песочен остров  е градот Мирина со бројни таверни, поплочени улици и замок од византискиот период, од кој се гледа целиот град.

Според еден грчки мит, овој град му припаѓал на Хефест – богот на огнот и ковачкиот занает. Според друг мит, Амазонките владееле со Лимнос, кои претходно ги претепале сите мажи на островот. Кога Јасон со своите аргонаути тргнал во потрага по златното руно, жените од островот се обиделе да го заведат, но на крај немале успех.

istorija-plazi-vkusna-hrana-eden-den-na-ostrovot-limnos-01.jpg

Ако одите на северните плажи, морето ќе биде немирно, но безопасно. А, ако сте љубител на антиката, на островот ќе пронајдете остатоци од споменици посветени на Хефест или култот Каварија, ритуален 9-дневен обред кој се одржувал еднаш годишно кога целиот оган на островот бил изгасен, а островот светкал во слава на виното, жените и морето, во исчекување на бродот кој го пратил богот Аполон на островот Делос по нов оган.

istorija-plazi-vkusna-hrana-eden-den-na-ostrovot-limnos-02.jpg

istorija-plazi-vkusna-hrana-eden-den-na-ostrovot-limnos-03.jpg

Кога ќе се изморите од плажа, морските спортови и историските знаменитости, сѐ што ви останува е ноќите да ги поминете во некои од најдобрите таверни во цела Грција. Најдобри, а сепак најевтини. Плус тоа, ќе пропуштите многу ако не пробате петел во вино, зајак со фломариа паста во Мантели, октопод со узо и закиселен лук, јагнешко кај О Мераклис или риба кај Гларопуле.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg