3 причини зошто треба да го посетите островот Локрум (фото)

На 10 минути возење со брод од стариот дубровнички залив е сместен островот Локрум, кој се простира на површина од 0,7 квадратни километри. Станува збор за магично место кое секој би сакал да го посети.

3-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-ostrovot-lokrum-foto-001.jpg

Тоа е одлично за оние кои сакаат да се оттргнат од масовниот туризам и да уживаат во недопрената природа.

А, ова се 3-те причини зошто вие веднаш треба да се упатите натаму:

1. Зелена оаза

Локрум е посебен резервоар за шумска вегетација под заштита на Унеско кој крие восхитувачка природа. Тука можете да уживате во ботаничката градина со интересна збирка на еукалиптуси и кактуси, прекрасни градини и да се освежите во ладовината на шумите од црн јасен, божур и алепски бор.

2. Мртво море

На јужната страна од островот е сместено Мртвото море, т.е. своевидно езерце со морска вода кое се пробилa на копното. Поради плитката вода, ова место е особено погодно за капење на мали деца и луѓе кои не знаат добро да пливаат.

Целиот остров е преполн со мали котлини кои се наметнуваат како одлично место за капење, нуркање и други летни активности. А, има и нудистичка плажа.

3. Фауна

На овој остров може да се видат и интересни ретки животински видови кои се прилагодиле на животот на тоа место. Такви се заштитените желки-чанчари, кои можат да доживеат и до 100 години, гуштер-блавор, додека брегот го обиколуваат ракови-витичари, црвена анемона, а некаде на дното има и по некој бисер.

На островот не смее да се загрозуваат природните и културните добра, да се фрлаат отпадоци, да се носат кучиња или да се пали оган. Не е дозволено пушење како и преспивање.


На Локрум може да погледнете и:

- Црквата Навјештења во која повремено се одржува миса.

- Манастирскиот комплекс – кој се состои од остатоци на базилика од 12-ти и 13-ти век, манастир со клаустарска градина од 15-ти и 16-ти век и летниковецот Максимилијан Хабсбуршки.

- Тврдината Ројал, која се воздигнува на 96 метри, што е воедно и највисокиот дел од островот, претставува одличен видиковец кој нуди поглед на Дубровник и околината.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg