10 најубави плажи на Тасос

Познато е дека Тасос има толку многу плажи што навистина е тешко да ги изброите.

10-najubavi-plazi-na-tasos-001.jpg

Островот е место каде секој ќе го најде тоа што сака – од песочни до карпести и од урбани до диви плажи, Тасос е место каде секој ќе може да ужива во природната убавина и тиркизната вода.

Ако сте љубители на песочните плажи ова се десетте кои никако не смеете да ги пропуштите:

1. Paradise beach - сместена на 30 километри од Потос оваа плажа сосема оправдано го носи името Рај. Ситниот песок и плитката вода ја прават одлично место за одмор доколку имате мали деца.

10-najubavi-plazi-na-tasos-01.jpg


2. Marble или Saliara beach
– сместена на 4 километри од Макриамос оваа плажа е навистина поинаква од сите останати. Целиот брег е прекриен со бели камчиња кои прават водата да изгледа како да се наоѓате на некоја егзотична плажа.

10-najubavi-plazi-na-tasos-02.jpg


3. Makryammos
– се наоѓа на 2 километри од Лименас и е единствената плажа на која мора да платите влезница. Има забавен парк, базени и е место каде вашите деца ќе имаат ден исполнет со многу забава.

10-najubavi-plazi-na-tasos-03.jpg


4. Golden Beach
– сместена на 40 километри од Потос покрај ситниот песок и убавата вода, оваа плажа има голем број на ресторани и кафулиња каде можете да уживате во вкусната морска храна.

10-najubavi-plazi-na-tasos-04.jpg


5. Aliki
– оваа плажа се наоѓа на 20 километри источно од Потос. Според многумина ова е најубавата плажа на островот, па токму затоа многу тешко е да се најде место, особено во август.

10-najubavi-plazi-na-tasos-05.jpg


6. Psili Аmos
– лоцирана на 7 километри источно од Потос, оваа плажа е спој од навистина ситен песок и големи карпи. Левата страна на плажата е значително многу поубава од десната, а ако решите да ја посетите имајте предвид дека водата е малку поладна од останатите плажи.

10-najubavi-plazi-na-tasos-06.jpg


7. Pachis
– сместена на 10 километри од Лименас оваа плажа е одлично место за оние кои сакаат да го поминат денот под природна сенка на некој од огромните борови. Плажата е исто така одлично место за одмор со деца.

10-najubavi-plazi-na-tasos-07.jpg


8. Atspas
– оваа плажа се наоѓа на 7 километри од Лименарија и е помала во споредба со другите плажи. Ако имате доволно среќа можеби и ќе видите октоподи како пливаат во близина на карпите.

10-najubavi-plazi-na-tasos-08.jpg


9. Notos
– лоцирана на само 1,5 километри од Потос оваа плажа до пред кратко време беше речиси непозната за туристите. Патеката до таму е многу стрмна, а плажата е навистина мала, па ако нема многу туристи ќе имате чувство дека имате плажа само за себе.

10-najubavi-plazi-na-tasos-09.jpg


10. Trypiti
– сместена на 2,5 километри од Лименарија, оваа огромна плажа е место кое ќе им се допадне на сите кои сакаат каменести предели.

10-najubavi-plazi-na-tasos-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg