10 работи кои треба да ги знаете за храната во Италија

Италија, покрај Франција е добро позната по својата кујна. Речиси да нема човек на планетава земја кој не ужива во традиционалните специјалитети на Италија.

10-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-da-jadete-vo-italija-01.jpg

Но, ако ова лето заминете на одмор во Италија и сакате да уживате во оригиналните јадења на Италија, не очекувајте да поминете евтино.

Италија е земја каде морате да пиете еспресо, да јадете пет јадења за време на ручекот и каде водата и додатоците се наплаќаат.

10 работи кои треба да ги знаете пред да седнете во ресторан во Италија:

1. Не постои такво нешто како бесплатна вода

Ако сакате да добиете вода во ресторан, ќе морате да платите. Рестораните обично наплаќаат 1.5 евра за едно шише вода, но цената зависи и од големината на шишето, а секако и од локацијата на ресторанот. Многу ресторани ќе ви дозволат да влезете внатре со ваше шише вода.

2. Рестораните ви наплаќаат за седење

Рестораните во Италија вообичаено ви наплаќаат и да седнете. Околу 2 евра за маса. Токму затоа, многу келнери ќе ве притискаат и ќе ве убедуваат дека треба да седнете токму во ресторанот каде служат.

3. Очекувајте да го платите „бесплатниот“ послужен леб на масата

Ништо не е бесплатно во рестораните во Италија. Да повториме, ништо. Научени сме да добиваме леб во кошна во нашите ресторани, но во Италија можат да ви донесат леб без да ве прашаат, а потоа да се најде на вашата сметка за плаќање.

4. Во повеќето ресторани се пуши

Да се релаксирате со чаша вино и цигара за време на ручек е сосема нормално, па очекувајте да седите покрај пушачи. Повеќето од масите имаат пепелник и пред да седнете на нив, а некои ресторани имаат дури и автомати за цигари.

5. Не пробувајте кинеска храна

Ако сте можеби љубител на егзотичната азиска храна и посакувате да ги задоволите вашите потреби за слатко-кисел сос или нудли, не се обидувајте истите да ги пробате во Италија. Ќе добиете нешто што наликува на азиска храна.

6. Не очекувајте келнерите да бидат насмеани или гостопримливи

Повеќето од нив не добиваат бакшиш па воопшто и не се мачат да бидат фини и услужливи.

7. Очекувајте силно кафе

Кафето во Италија е важна работа која подразбира само силен краток шот од еспресо. Не очекувајте да добиете лате или нескафе. Во случај да побарате таков тип на кафе, повеќето келнери ќе ве погледнат зачудено. Во Италија се пие само еспресо секое утро и за време на десертот по ручек.

8. Морате да имате пет јадења во некои ресторани

Некои ресторани нема да ви дозволат да седнете ако не нарачате најмалку три јадења. Во Италија ручекот претставува многу важна работа и најчесто доаѓа во 5 делови како antipasto/primo/secondo/contorno/и dolce.

Аntipasto е како грицкање пред главниот оброк и често подразбира маслинки или јаткасти плодови заедно со чаша вино. Primo е првиот главен обок кој најчесто подразбира јадење на паста, рижото, ориз или палента.

Secondo е вториот главен оброк и најчесто се состои од пилешко, риба или друг тип на месо. Contorno е чинија зеленчук која доаѓа заедно со месото и секако, последното јадење е dolce или десертот.

9. McDonald’s не  е ниту брз, ниту евтин

Ако сте дел од оние луѓе на кои им недостасува овој ресторан за брза храна и посакувате да барем еднаш да пробате Big Mac не очекувајте оброкот да го добиете за брзо време, па ниту за малку пари.

10. Појадокот секогаш е едноставен

Најчесто консумирате едноставен оброк, без разлика дали сте седнале некаде во кафуле или ресторан или пак јадете во ресторанот. Тоа значи еспресо, парче леб во форма на тост и неколку парчиња пршута.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Келнска катедрала, уметнички галерии, незаборавен ноќен живот - Кои се моите впечатоци од посетата н... Ако твојата пролетна дестинација е Германија, имаш голем избор на градови што мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg