Најубавите плажи во Грција

Сте ги виделе на фотографии или можеби и сте ги посетиле. Според многумина тие се парче рај на Земјата кое е неверојатно блиску до нас.

najubavite-plazi-vo-grcija-najblisku-do-nas-0_01.jpg

Навистина е тешко да изберете само 10 плажи кои ќе ги прогласите за најубави кога станува збор за земја како Грција.

Сепак, ние составивме една листа од 10 најубави плажи, а вие слободно можете да ги додадете и оние кои се ваши фаворити.

1. „Super Paradise Beach“, Миконос

Кристално тиркизната вода и златниот песок се главните причини зошто оваа плажа се вбројува во една од најубавите во Грција.

najubavite-plazi-vo-grcija-najblisku-do-nas-0101.jpg

2. „Lalaria Beach“, Скијатос

Прекрасната плажа со ситни бели камчиња и тиркизната вода, сместени пред високите карпи кои гордо се издигнуваат, секојдневно привлекуваат огромен број бродови со туристи кои сакаат одблизу да ја вида таа убавина.

najubavite-plazi-vo-grcija-najblisku-do-nas-002.jpg

3. „Sarakiniko Beach“, Милос

Млечно белите вулкански карпи, меки како креда изгледаат како врвно ремек-дело обликувано од силите на брановите и ветрот. Длабокиот залив со зелена вода станува сѐ посин како што сѐ повеќе се оддалечувате од брегот.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-03

4. „Kolymbithres Beach“, Парос

Сино-зелената вода и мазните сивкасти карпи изгледаат неверојатно во секој дел од денот.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-04

5. „Shipwreck Bay (Navagio) Beach“, Закинтос

Кој би помислил дека еден стар брод би можел да стане толкава атракција и да да се најде на речиси сите слики од оваа позната плажа. Сепак, главните причини заради кои оваа плажа се вбројува меѓу најубавите се белиот песок, тиркизната вода и стрмните гребени кои стојат како нејзини верни чувари.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-05

6. „Myrtos Beach“, Кефалонија

Не само што е најпознатата плажа на островот, туку речиси секогаш е вбројувана во најубавите плажи на цела Грција. Белиот песок и сината кристална вода сместени под неверојатно високи гребени се нешто кое навистина ќе ве освои.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-06

7. „Canal D' Amour Beach“, Крф

Мали плажи, сино-зелена вода и безброј мали пештери скриени низ карпите. Меѓу сите тие необични форми посебно се истакнува „Каналот на љубовта“. Легендата вели дека секој кој ќе го исплива тесниот отвор меѓу карпите ќе ја најде љубовта на неговиот живот од другата страна.

najubavite-plazi-vo-grcija-najblisku-do-nas-007.jpg

8. „Porto Katsiki Beach“, Лефкада

Можеби едно од најубавите места каде можете да уживате во магичното зајдисонце, откако денот сте го поминале пливајќи во сината кристална вода.

najubavite-plazi-vo-grcija-najblisku-do-nas-008.jpg

9. „Balos Beach“, Крит

Уште една плажа која ќе ве натера да помислите дека се наоѓате во некој од егзотичните краеви на планетата Земја. Сино-зелената вода и бело-розеникавиот песок се надополнети од прекрасниот замок кој ќе направи да се чувствувате како да сте се вратиле назад во времето.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-09

10. „Voidokoilia Beach“, Пелопонез

Покрај белиот песок и прекрасната вода, на само чекор од плажата се наоѓа недопрена природа во која можете да уживате доколку не сакате да го поминете целиот ден на плажа.

Najubavite-plazi-vo-Grcija-najblisku-do-nas-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg