10 мистерии зад познатите туристички атракции за кои 90% од луѓето не знаат

Постојат многу познати ремек-дела и туристички атракции низ светот кои добро ги познаваме уште од детството, но ако истите добро ги проучувате до најмал детаљ, ќе откриете многу мистерии поврзани со нив.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-01.jpg

Барем 90% од луѓето воопшто не знаат дека, на пример, Ајфеловата кула има скришен стан на самиот врв...

Уште 9 други мистерии на познатите дела за кои 90% од луѓето не знаат:

1. Тајниот стан на врвот на Ајфеловата кула

Густав Ајфел, творецот на кулата, изградил целосно опремен стан на горниот кат кој често го користел за одмор или забава. Томас Едисон бил меѓу првите кој имал можност да стапне во истиот.

Инаку, станот е целосно опремен со кујна, тоалет, две спални, дневна соба и секако, има прекрасен поглед над Париз.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-1.jpg

2. Искршен синџир на нозете на Статуата на слободата

Статуата на слободата била подарена на Америка од страна на француските граѓани во чест на 100-годишнината од револуцијата. Симболизира слобода, демократија и укинување на ропството.

Токму затоа, на самата статуа има искршен синџир кој вообичаено не е видлив за туристите.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-2.jpg

3. Уште една верзија од Мона Лиза

Познато е дека многу уметници се обиделе да ја копираат Мона Лиза, но се чини дека постои уште еден портрет кој според научниците, е дело на самиот да Винчи. Сликата не е копија и не можете да ја видите во Лувр.

Она што е интересно, е дека позадината и перспективата на втората слика е малку поразлична и креира 3D ефект. Според научниците, оваа слика била прва верзија од оригиналното дело.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-3.jpg

4. Временска капсула на Маунт Рашмор

Во текот на изградбата на споменикот, архитектот Гатзон Борглум сакал да креира тајна соба за идните генерации да можат да најдат важни документи за американската историја.

За да го направи тоа, тој почнал да издлабува дупка близу главата на Абрахам Линколн. За жал, многу брзо починал, па неговата работа останала недовршена.

Во 1998-та, повеќе од 50 години после неговата смрт, копиите од важните документи и мемоари на претседателите биле оставени во недовршената соба за да служат како временска капсула.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-4.jpg

5. Оригиналниот изглед на Големата сфинга

Големата сфинга е најстарата статуа во светот која оригинално била обоена во шарени бои. Од нив е зачуван само мал дел позади ушите на сфингата.

Се шпекулира дека сфингата оригинално имала глава на лав наместо на човек. Онаа на човек била направена многу подоцна, па на тој начин се објаснува и зошто телото има далеку поголеми пропорции од главата.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-5_copy.jpg

6. Креирањето на Кривата кула во Пиза

Познатата кула крие многу тајни. Она што сите го знаат за неа е дека е крива, но никој не знае кој ја изградил оваа камбанарија за катедралата во Пиза. Основна причина за ова е што истата била градена речиси 200 години.

Историчарите веруваат дека структурата е дело на Бонано Пизано, но поголема е веројатноста истата да е дело на архитектот Диотисалви кој ја креирал крстилницата која се наоѓа веднаш до кулата.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-6.jpg

7. Лицето на Данаја од Рембрант

Сликата „Данаја“, Рембрант започнал да ја слика 2 години откако веќе стапил во брак со Саскија ван Уленбург. Уметникот ја прикажувал неговата сопруга во многу негови дела, но долго време било мистерија зошто во Данаја не може да се пронајде сличност со неговата сопруга.

Со радиографија сличноста е поексплицитна. Но, со голо око не може да се забележи, бидејќи сликата била променета по нејзината смрт кога тој станал заинтересиран за друга жена, Герт Диркс.

Ликот на Данаја во истоимената слика претставува комбинација од двете омилени жени на уметникот.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-7.jpg

8. Името на една од најголемите атракции во Лондон

Името „Биг Бен“ не се однесува на целата кула, туку само на ѕвоното во неа. До септември 2012-та година, кулата била именувана како „The Clock Tower Palace of Westminster“, односно Саат кулата на палатата од Весминстер.

Денес е позната како „Elizabeth Tower“, односно кулата на Елизабета.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-8.jpg

9. Бојата на „Голден Гејт“

Мостот „Голден Гејт“ е еден од најфотографираните атракции во светот, но неговата боја не требала да биде таква каква што ја гледаме денес.

Морнарицата барала бојата да биде во црно - жолти линии за да биде видлив во маглата. Архитектот Ирвинг Мороу ги убедил да го обои темно портокалов, не само за да биде видлив, туку и убав.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-9.jpg

10. Небото во сликата „Крик“

Во 2003-та, група на астрономи шпекулираа дека светло црвената боја на небото била насликана затоа што целосно му го привлекла вниманието на уметникот, а истата била предизвикана од ерупцијата на Кракатау во 1883-та година.

Во атмосферата била исфрлена голема количина на вулкански пепел поради што следните неколку години низ целиот свет можеле да бидат забележани шарени, огнени зајдисонца.

10-misterii-zad-poznatite-turisticki-atrakcii-za-koi-90-od-lugjeto-ne-znaat-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg