Најсекси градови на светот

najseksi-gradovi-na-svetot-povekjeСакате да ја обновите страста во врската? Сами сте и во потрага по авантура? Фатете го патот под нозе! Постојат многу светски дестинации кои со...

 

...својата егзотичност кај сите гости успеваат да го разбудат заспаниот љубовник во нив.

Кои градови важат за најсекси и романтични?

najseksi-gradovi-na-svetot

Ако се одлучите за Рим – нема да погрешите. Со своите запенети фонтани, стари калдрми и енергија доволна за да запали ракета, италијанската престолнина не е без потреба прогласена за еден од најраскалашените европски градови.

Младите кои се желни за авантура, треба да се одлучат за Берлин, европскиот “најзлобен“ град, кој ги крши сите правила игнорирајќи ја забраната за пушење во клубовите и нудејќи забава со безброј девојки во оскудни парталчиња и згодни момци 24/7.

Париз и не мора да се претставува посебно: создаден е за љубов и романтика. Кој не се плаши од ладни температури, може и да скокне до Стокхолм каде луѓето може пријатно да ве изненадат – иако изгледаат мошне ладно однадвор, под површината се крие жестока енергија.

Премалку егзотика? Одете во Тангиер, мароканскиот град на зачините. Некогашно хедонистичко собиралиште на писатели, азиланти и шпиони од целиот свет, се уште одушевува со врелината која го забрзува пулсот на љубовниците дење и ноќе.

Истанбул, некогашното седиште на Отоманското Царство е ишаран со силуети на џамии и ориентални звуци од околните барови кои ја будат страста кај младите.

Љубителите на топлото време, ќе се пронајдат во Хавана, на Куба. Градбите од колонијално време и ритамот на салсата, потемнети убавици и згодни момци кои шетаат по плажите – ова е првата слика за овој град.

Сигурна инвестиција, покрај Лондон, Севиља и Сен Тропе, е Њујорк. Заразната енергија на Големото јаболко отпеана е и во филмовите. Тука можете да тргнете веднаш во поход.

Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
Најубавите плажи во светот и Европа за 2023 година – Грција е лидер од регионот Според мислењето на новинари, блогери и инфлуенсери кои го пропатувале светот, в...
Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Ц...
Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци Халштат во Австрија, Дубровник во Хрватска, како и замокот на Дракула во Романиј...
Работи со кои туристите во Италија ги иритираат локалците, според Италијанка Изнајмуваат превозни средства кои не можат да ги возат – како електрични тротине...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg