Плажа на која може да галите фламинга (фото)

Постојат места во светот поради кои ќе посакате да прелетате илјадници километри само за да ги видите во живо. Оваа рајска плажа е дефинитивно една од нив.

plazha-na-koja-mozhe-da-galite-flaminga-foto-1_copy_copy.jpg

Се наоѓа во Аруба, сместена на приватниот остров Ренесанс, а на само 15-тина минути возење со брод од главниот остров. Може да се пофали со бројни активности за одмор и релаксација, ресторан, велнес центар и две плажи.

Една плажа е наменета за родители со деца, додека другата е „само за возрасни“, и е најтрактивната меѓу нив, бидејќи стотици фламинга слободно се шетаат долж брегот. Можноста да другаруваат со нив и да ги погалат е она што привлекува бројни туристи од целиот свет.

Се разбира, кога нешто е тренд, погодувате дека не останува незабележано од будното око на познатите „лајфстајл“ блогерки. Тие веќе го посетија островот и промовираа кристално чистото море, белиот песок и средбата со овие егзотични птици на социјалните мрежи.

Кога ќе ја посетите вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg