Лисабон: градот на 7-те ридови

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-povekjeГлавниот град на Португалија важи за една од најпосетените дестинации во Европа. Сместен е во западниот дел на Португалија, на местото каде...

 

...реката Тежо се влева во Атлантскиот Океан.

Лисабон чува цврсти врски со историјата, потсетувајќи ги посетителите на подемот и падот на својата империја, на времињата кога бил освојуван. Денес овој град зрачи со посебен сјај и убавина.

Тесни улички, комбинација од маурска и римска архитектура, реставрирани палати, величествените цркви и импозантната тврдина која навечер го осветлува сето културно богатство на градот – ќе ве воодушеват со својата уникатност.

Неколку од многуте места кои мора да ги посетите:

1. Elevador de Santa Justa – железниот лифт конструиран од ученик на Ајфел. Место каде може да се одморите и да уживате во кафе со поглед на градот.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-1

2. Ботаничка и зоолошка градина – тука може да се релаксирате и да уживате во илјадници растителни видови и повеќе од 2 илјади животни.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-2

3. Parque das Nações – тука е сместена спектакуларна градба посветна на океанот. Изградени се четири кули што ја претставуваат флората и фауната на Јужниот, Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-3

Во центарот на овој објект се наоѓа импресивен резервоар чија длабочина овозможува прекрасен преглед на морскиот свет.

4. Катедралата Se - е најстарата катедрала изградена 1147 година.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-4

5. Castelo de São Jorge – овој замок е сместен на највисокиот од седумте рида. Тука е поставена мултимедијална изложба на историјата на Лисабон.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-5

Прошетајте низ оваа тврдина, а потоа дозволете си уживање во ресторанот со панорамска глетка на Лисабон.

Би можело да ве интересира:

„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg