Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Адвокат 26-04-2017
Ѕидар 26-04-2017


Како да купите авионска карта која чини малку повеќе од карта за кино?

Ако сè уште мислите дека за да купите авионска карта треба да одвоите цело мало богатство, не можете повеќе да грешите.

kako-da-kupite-avionska-karta-koja-cini-kolku-karta-za-kino-001.jpg

Очигледно, патувањето со авион никогаш не било поевтино, токму заради големата понуда на опции.

Ако се задржите до овие неколку трикови, големи се шансите да најдете авионска карта по цена од влезница за кино:

kako-da-kupite-avionska-karta-koja-cini-malku-povekje-od-karta-za-kino-1.png

Обично 60 дена пред летот. Месец и половина до два месеци пред патувањето би било добро да побарате евтина карта.

Од средината на јануари до првите неколку дена од март, со исклучок околу 14-ти февруари.

Четврток, од 14 до 16 часот, да бидеме прецизни, е одлично време да побарате евтини билети.

Во вторниците и средите попладне картите имаат најниски цени.

Ако планирате да летате за време на викенд, картите купете ги во петок попладне или во сабота.

kako-da-kupite-avionska-karta-koja-cini-malku-povekje-od-karta-za-kino-2.jpg

Откако ќе резервирате авионска карта, проверете ги понудите повторно следното утро – честопати откако ќе купите карта, може да ви се понудат поевтини опции на сајтот. Во тој случај, можете да ја смените вашата резервација и да заштедите некој денар плус.

Сепак, имајте на ум дека ова зависи од авиокомпанијата и не важи апсолутно за сите компании и летови.

kako-da-kupite-avionska-karta-koja-cini-malku-povekje-od-karta-za-kino-3.jpg

Пример, доколку сакате да одите во Париз, не слетувајте на централниот аеродром. Разгледајте ги останатите околни градови кои имаат аеродроми, ќе забележите дека цените се многу пониски доколку слетате таму.

kako-da-kupite-avionska-karta-koja-cini-malku-povekje-od-karta-za-kino-4.jpg

Сосема логично, летовите со еден или повеќе трансфери се поевтини. Затоа, пред да резервирате директен лет, разгледајте ги опциите со промена на авион и неколку часа чекање.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 тајни како патувањето со авион да биде поудобно Ако сакате да патувате низ светот и тоа го правите со авион и долги летови, тога...
5 аеродроми во светот кои нудат бесплатни тури додека си го чекате лет... Долгите чекања на аеродром за да пристигнете до вашата конечна дестинација се зд...
40 совети од искусен патник како да патувате безгрижно Луѓето кои често патуваат од искуство научиле дека постојат одредени работи кои ...