13 работи кои туристите треба да ги знаат за Барселона

Во последните години постои бран на негативно расположение кон туристите во Барселона, видлив во неодамнешната одлука на советот да донесе закон за ограничување на сместувачките капацитети.

13-raboti-koi-turistite-treba-da-gi-znaat-za-barselona-001.jpg

Еве неколку работи кои треба да ги практикувате за да избегнете вознемирување на локалното население, при следната посета на каталонската престолнина.

1. Не го нарекувајте каталонскиот јазик дијалект

Каталонскиот јазик е еден од петте официјални јазици во Шпанија. Лингвистите укажуваат дека овој јазик е многу поблизок до францускиот отколку до шпанскиот јазик.

2. Не очекувајте „Paella“ во секој ресторан

Иако е едно од најпознатите шпански специјалитети, не значи дека е единствениот избор во менито. Всушност, локалните кујни се разликуваат во голема мера од еден регион до друг, па во Каталонија големо влијание имаат француската и италијанската кујна.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-02

3. Не пијте пиво од големи чаши

Каталонците пијат помалку, во споредба со жителите на некои други земји, и пијанството е реткост. Просечните Каталонци пијат пиво од помали чаши, а исто така и виното се консумира во помали количини.

4. Отидете во локалните продавници и купете си овошна салата

Туристите сакаат да шетаат низ локалните јавни пазари во Барселона (како Boqueria Market) и да талкаат по штандовите со свежа риба, зеленчуци и други јадења...

Во последните години, пазарите се преуредуваат кон потребите на туристите, па сè почесто може да се најдат овошни салати и пијалаци, кои може да се консумираат во движење. Тоа им пречи на локалците, бидејќи настанува голема гужва само заради една овошна салата.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-03

5. Заборавете го гласното зборување на улиците

Постарите населби во Барселона, имаат тесни улички и локалците сè уште живеат во центарот на градот. Поради близината на куќите, дури и обичниот разговор во ноќните часови може да предизвика проблем и да ги разбуди соседите.

Па доколку не сакате да бидете полеани со кофа вода, бидете малку потивки додека шетате по улиците навечер.  

6. Не ги напуштате улицата „La Rambla“ и Готскиот кварт

Иако не постои сомнеж дека готската архитектура е една од причините зошто туристите ја посетуваат Барселона, сепак доколку сакате да видите како живеат локалните жители, ќе треба да го напуштите центарот на градот и да не ги посетувате само најатрактивните места како Park Güell и Sagrada Familia, туку малку повеќе да истражувате.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-04

7. Мислите дека фламенко танцот потекнува од Барселона

Уметноста на фламенкото е една од најпознатите скапоцени културни традиции на Шпанија. Се смета дека се појавила меѓу Ромската заедница во јужниот дел на Шпанија, поточно во Андалузија.

8. Не го третирајте центарот на градот како продолжение на плажата

Постојат одредени работи кои се прифатливи на плажа, но не и во градот. На пример, шетање по шорцеви или бикини и играње со топка. Се разбира дека не би правеле такви работи во центарот на Лондон или Њујорк, па така не треба и во Барселона.

Доколку нема песок под вашите нозе, знајте дека веќе не сте на плажа.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-05

9. Не очекувајте сите да зборуваат англиски

Во секој голем град, вработените во хотелите имаат тенденција да зборуваат англиски, заради подобра комуникација со гостите. Но, тоа не треба да ве спречи да научите некој нов локален збор, или да ги поздравите луѓето на локалниот јазик.

10. Не претерувајте со шетањето наоколу со селфи стапче

Секој сака да ги зачува убавите моменти од своето патување, преку фотографии. Но, тоа не е причина цело време да се шетате со селфи стапче во рацете. Не само што давате до знаење дека сте турист, туку и ги спречувате локалните жители да ги вршат своите секојдневни обврски.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-06

11. Таргет за уличните крадци

Барселона е позната како град каде секојдневно се случуваат многубројни улични кражби. Една од причините е што посетителите често носат големи суми на пари со нив. Ова уште повеќе ги охрабрува уличните крадци да стапат во акција.

12. Мислите дека „Kava“ е помала верзија на шампањ

Ако Франција се смета за дом на шампањот, истото може да се каже за пенливото вино „Kava“ и за Каталонија. Всушност, Каталонија се смета за дом на пенливото вино.

13-raboti-koi-turistite-nikogas-ne-treba-da-gi-pravat-vo-Barselona-07

13. Не поддржувајте нелегално издавање на станови

Во последно време советот на општината врши рестрикција во давањето лиценци за издавање на соби за туристи. Затоа доколку сакате да изнајмите стан, проверете дали е тоа во рамките на законот или пак изберете хотел.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg