Најсмешните поплаки од незадоволни туристи: „Плажата беше премногу песочна“

Понекогаш туристичките работници навистина не знаат да си ја завршат својата работа, но понекогаш пак, туристите се тие кои имаат премногу чудни и смешни барања...

najsmeshnite-poplaki-od-nezadovolni-turisti-plazata-beshe-premnogu-pesocna-01.jpg

Еве што сè слушнале и какви сè поплаки добиле во „Thomas Cook Holidays“:

1. „На одмор во Гоа, Индија се разочарав затоа што секаде се служеше само кари. Не сакам зачинета храна.“

2. „Не треба да дозволат топлес сончање на плажа. Сопругот беше згрозен, а сакаше само да се релаксира.“

3. „Отидовме на одмор во Шпанија, единствениот проблем е што сите таксисти зборуваа на шпански.“

4. „Резервиравме екскурзија до воден парк, но никој не ни кажа дека треба самите да си носиме костими за капење и пешкири.“

5. „Плажата беше премногу песочна. Сè моравме да чистиме кога се вративме во хотелот.“

6. „Песокот не беше како од брошурата. Рекламираат бел песок, а овој беше жолт.“

7. „Никој не ни кажа дека има риби во водата. Децата беа преплашени.“

8. „Ни кажаа дека кујната е комплетно опремена, но недостасуваше сечило за јајца.“

9. „Патиштата беа нерамномерни, па не можевме да читаме од книгата водич. Заради ова не бевме свесни за сите работи кои можеа патувањето да ни го направат позабавно.“

10. „Нас ни требаа 9 часа од Јамајка до Англија, а на Американците само 3 часа. Тоа не е фер.“

11. „Нашиот тоалет беше далеку помал од оној на нашите пријатели.“

12. „Кога дојдовме во Шпанија сфативме дека таму има премногу Шпанци. Рецепционерот зборуваше на шпански, храната беше шпанска... Никој не ни кажа дека ќе има толку многу странци.“

13. „Немаше клима на бродот...“

14. „Ваша одговорност е да нè предупредите дека ќе има гласни туристи во хотелот.“

15. „Ме касна комарец. Брошурата не предупреди дека ќе има комарци.“

16. „Со сопругот побаравме соба со два кревети, а добивме еден голем кревет. Сега вие сте виновни што сум бремена. Ова немаше да се случи, ако резервацијата беше како што треба.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg