Неверојатни хотели во кои ќе сакате да се телепортирате

Сите имаме одредени преференции кога станува збор за одмор. Некои сакаат бунгалови, други мали куќички, трети обожаваат одмор во приколка или шатор.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-01.jpg

Но, кога станува збор за добри хотели, едноставно не можеме да кажеме не. А овие 20, се толку неверојатни, што нема да верувате дека постојат.

Подводни зданија помеѓу корали, хотели изгубени во диви џунгли, мало кралство на мраз или хотел кој „виси“ сместен на карпа – кој е вашиот фаворит?

Attrap’Reves на Алпите, Јужна Франција

Замислете одмор во огромен „стаклен“ меур, изгубени во дивината на Алпите. Меурот е всушност изработен од проѕирен еластичен материјал кој не пропушта ултравиолетови зраци и штити од бубачки и влага. На располагање имате и телескоп за набљудување на ѕвезденото небо навечер.

Цените за ова уникатно „стаклено“ уживање во меурот започнуваат од 139 евра нагоре.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-02.jpg

The Manta Resort на островот Пемба, Танзанија   

Пловечка мала куќичка со специјална соба под вода, која се наоѓа на оддалеченост од 250 m од брегот. Можете да пливате, да се сончате на „тремот“, а во подводната соба да се дружите со рибите, октоподите и медузите.

Цената во подводната соба изнесува околу 1000 евра дневно, а во делот кој плови над водата, околу 405 евра дневно.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-03.jpg

Рoseidon Undersea Resort во Фиџи

Необичниот хотел вклучува 74 соби, од кои 25 се наоѓаат под вода на длабочина од 15 m. останатите апартмани се над водата. 50-метарски долг коридор ги поврзува подводните простории и се наменети за сите оние кои уживаат во набљудување и анализирање на подморскиот жив свет.

Цената на сместување изнесува 15.000 долари за еден или 30.000 долари за двајца (7 дена, односно 6 ноќевања).

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-04.jpg

Arctic TreeHouse Hotel во Рованиеми, Финска (Лапонија)

Арктичкиот хотел е составен од луксузни апартмани, сместени длабоко во густата шума, помеѓу дрвјата. Можете да уживате во магичната глетка на Аурора Бореалис или да го посетите селото на Дедо Мраз кое се наоѓа во непосредна близина.

Цените на изнајмување започнуваат од 850 евра за 2 дена.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-05_copy.jpg

Jumbo Stay во Стокхолм, Шведска

Хотелот е всушност сместен во авион Боинг 747-212B Џамбо Џет. Во 2008-ма, авионот е трансфомиран во хотел со 29 соби. Најскапата соба се наоѓа во делот околу пилотската кабина.

Цената за сместување изнесува околу 136 евра дневно.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-06.jpg

Skylodge Adventure Suites во Урубамба, Перу

3 проѕирни капсули сместени на карпа, на висина од 120 m од земјата, кои се наоѓаат во Светата Долина во Андите - Перу. Алпинизмот и планинарењето се двете главни спортски активности во пределот.

Можете да уживате во неверојатниот поглед кој се протега низ Долината, а цената за ова задоволство изнесува 270 евра за 1 лице дневно (капацитетот на капсулата е 8 лица максимум).

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-07.jpg

Sheraton Huzhou Hot Spring Resort во Хузоу, Кина

Луксузниот хотел со прилично необична форма, вклучува 27 ката над водата и 2 под вода, со цел да се комплетира овалниот облик. Хотелот е рангиран во 10-те најскапи во светот.

Цената на сместување започнува од 200 евра дневно.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-08.jpg

Inntel Amsterdam Zaandam во Амстердам, Холандија

Фасадата на хотелот ја сочинуваат скоро 70 „наредени куќички“, типични за поднебјето на Амстердам. Собите се уредени според инспирацијата која ја нуди локалниот регион.

Цената за изнајмување двокреветна соба изнесува 130 евра од ден.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-09.jpg

Free Spirit Spheres во Ванкувер, Канада

Собите на овој хотел се дизајнирани како огромни висечки топки на дрвја, па практично може да спиете „на дрво“, а при мал ветер истите се нишаат.

Цената на сместување изнесува 155 евра за 1 вечер.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-10.jpg

Тhe Boot Bed'n'Breakfast во Тасманија, Австралија

Во срцето на Тасманија, се наоѓа малото хотелче на 2 ката, во облик на чизма. Идеална е за романтични викенди за двајца, а цената за изнајмување изнесува 250 евра за двајца од вечер.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-11.jpg

Уште 10 хотели на следната страна...



Би можело да ве интересира:

50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg