5 работи кои воопшто не треба да ги пакувате за на одмор

Навистина е интересно тоа што кога се пакуваме, мислиме дека сѐ ќе ни треба, па најчесто никогаш не „нѐ собира“ во еден куфер.

FotorCreated.jpg

Важно е да запомните дека тајната на пакувањето не се крие во тоа како ќе ги здиплите алиштата, туку колку ќе земете.

На секој од нас му се има случено да си го понесе со себе пола гардеробер, но за време на целото патување да облече 3 маички и два пара шорцеви.

Затоа, прочитајте и еднаш засекогаш запамтете кои 5 работи не заслужуваат да бидат дел од вашето патување.

Трет и четврт пар чевли

Бидете реални, кога одите на патување, најважно е да понесете со себе чевли во кои ќе можете удобно да се движите. Во ред е да земете и еден пар чевли за вечерно излегување, но тоа не значи да понесете со себе обувки за секоја можна пригода.

Два пара фармерки

Еден пар фармерки се сосема доволни за неколкудневно патување. На крајот на краиштата нема секој ден да бидете во фармерки, особено во летните и топли денови.

Вреден накит и додатоци

Кога одите на патување, особено ако станува збор за летување, скапиот накит може само да ви донесе проблеми.

Облека која се носи во друга сезона

Да, во ред е да земете дуксер или блуза со долги ракави за ноќните прошетки покрај море, но тоа не значи да понесете со себе волнен џемпер или монтка.

Производи кои можете евтино да ги купите

Ова најчесто се однесува на прехрамбени производи и основна козметика како млеко за сончање, паста за заби, сапун и слично. Не мора да го полните куферот со сè и сешто од дома.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg