Бајковит престој на Бермудските Oстрови на блогерката Анабел Флор (фото)

Латвијката Анабел Флор, која живее во Калифорнија, е една од најпопуларните блогерки. Таа има 659.000 следбеници на Инстаграм, а многу посетен е и нејзиниот блог „Тhevivaluxury“.

bajkovit-prestoj-na-bermudskite-ostrovi-na-blogerkata-anabel-flor-foto-02

Убавата бринета има беспрекорен стил и покрај со модните комбинации воодушевува и со прекрасните фотографии од патувањата ширум светот.

Периодов таа престојува на Бермудските Острови, кои на својот блог ги нарече вистински рај. Нејзините фотографии од бескрајните плажи со бел песок и најубавата тиркизна вода до куќите во пастелни бои, ќе ви го разбудат апетитот за летото.

Анабел откри дека за првпат престојува на Бермуда. На својот блог пишува дека тоа е навистина мало место кое може да се прошета во еден ден, а таксистите биле како вистински туристички водачи. Од сета убавина пред очите морала да се штипне неколку пати за да поверува дека не сонува. Оваа дестинација топло ја препорачува на сите.

Од минималистички бикини до фустанчиња со прекрасни дезени, погледнете што ни презентира Анабел оттаму:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гари, Зрзе - Шест преубави македонски села кои треба да ги посетите Зовиќ, Гари, Ореше - сте ги посетиле ли овие наши преубави села? Ако не, време е...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg