Водич за родители со мали деца: Како патувањето да биде полесно?

Кога се ближат летните одмори, многу родители се во дилема дали да одат со деца или без нив.

vodich-so-soveti-za-roditeli-koi-patuvaat-so-mali-deca-01.jpg

Најчесто причина за тоа е ризикот од тоа како децата ќе го поднесат патот.

Откако ќе се одлучат, следат уште проблеми: што сѐ треба да спакуваат и што да земат со себе за по пат?

Еве неколоку стратегии за „преживување“ на патот, идеи за забава и практични совети кои ќе ви помогнат да си поминете полесно:

Пакување

Долгите патувања со деца не се воопшто забавни, но, знаат да бидат и опуштени доколку добро испланирате сѐ, бидејќи авантурата започнува веднаш штом ќе го напуштите домот.

1. Спакувајте една мала торба, во која ќе ставите облека за следниот ден доколку патувате навечер, како четка за заби, пижами и сѐ што мислите дека ви е потребно за следното деноноќие.

Многу ќе биде полесно да го отпакувате прво тоа кога ќе стигнете, отколку да се изгубите во огромниот куфер пол со сѐ и сешто.

2. Земете ги ќебето и перницата на вашето дете доколку имате простор за тоа. Ова е многу важно, бидејќи децата си ги сакаат своите работи, посебно кога треба да преспијат на ново и непознато место. Секако, и во автомобилот ќе им биде поудобно доколку има каде да ја потпрат главата и со што да се покријат.

3. Децата можат да истурат сок или да извалкаат нешто со храна, па затоа имајте ролна тоалет и влажни марамици секогаш при рака за брзо чистење. Исто така и кеса за ѓубре ќе ви биде од помош доколку не сакате целиот автомобил да биде расфрлан.

Преживување на патот

Земете грицки - грицкањето може да биде како еден вид занимација, а децата секогаш сакаат нешто да стават во уста. Обидете се тоа да бидат некои здрави грицки.

Победете ја досадата - ставете ги омилените песни на вашите деца на CD или USB за тие да се чувствуваат пријатно и притоа да се забавуваат, или доколку имате таблет може еден дел од патувањето да им помине во гледање цртани филмови, и никако не заборавајте неколку нивни омилени играчки.

Седнете назад до нив - контакт со децата и неколку игри може да помогнат доколку забележите дека почнуваат да збеснуваат.

Обидете се да ги избегнете солзите - може да дојдете до момент кога ниту пеење, ниту грицкање и дружење нема да ви помогне, едноставно вашето дете сака да излезе од автомобилот, но обидете се со зборови да го убедите детето дека не треба да плаче и дека сѐ ќе биде во ред наскоро.

vodich-so-soveti-za-roditeli-koi-patuvaat-so-mali-deca-02.jpg

Паузи

Испланирајте екстра време - доколку патувате со мало бебе, ќе треба да правите паузи и да застанете за да го нахраните, да му смените пелена или едноставно да се истегнете. Ќе ви биде многу полесно ако однапред се помирите дека ќе ви треба дупло повеќе време за да стигнете до местото.

Застанувајте почесто - за мали и големи паузи.  Да, сакате да стигнете побрзо, но дозволете му на детето малку да се „издува“, така полесно ќе издржи додека е во автомобилот понатаму по пат.

Бидете свесни дека 20-тина минути после паузата за оброк, ќе мора повторно да застанете бидејќи вашето дете ќе сака да оди во тоалет.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg