9 одлични трикови за оние кои не можат да спијат во авион

Вистински среќници се оние луѓе кои успеваат да се опуштат и да спијат во авион. Поголемиот дел страдаат од анксиозност врзана со полетувањето, а на некои едноставно им е непријатно да здремат во близина на толку многу патници.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-01.jpg

Сепак, дремката во авион може да биде пријатна и пожелна особено ако се работи за долг и напорен лет.

Патниците кои во просек поминуваат многу повеќе време во авион отколку сезонските патувачи ги споделија своите трикови за оние кои мака мачат да склопат очи во „железните птици“:

Најдобро време за летање – е ноќно време

Доколку имате можност да го бирате времето на летот, секогаш бирајте лет во доцните вечерни часови. Бидете активни во текот на денот повеќе од вообичаено за да се уморите и полесно да заспиете за време на летот.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-10.jpg

Најмалку гужваници има во вторник и среда

Нималку изненадувачки истражувањата покажуваат дека најмалку гужва и патници има во вторник и среда, денови означени како „непопуларни“ за летање, за разлика од петок кога би се соочиле со поголем хаос околу вас и поголема тешкотија за слатка дремка.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-03.jpg

Секогаш бирајте седиште до прозорецот

Доколку имате опција секако, бидејќи главата лесно може да си ја наслоните покрај прозорецот. Другиот тип на седишта вообичаено се резервирани за семејства со мали бебиња, а тие нормално имаат тенденција да бидат погласни отколку другите патници.

За крај, одбегнувајте ги седиштата во близина на тоалетот поради честата фреквенција на патници.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-09.jpg

Навалете го седиштето колку што е можно повеќе

Слично како и во автобус, многу попријатно е кога седиштето е навалено под агол од 75, наместо 90 степени. Секако, консултирајте се со патникот позади вас да не му пречите, бидејќи бон-тонот и доброто однесување секогаш треба да се стават пред сопствената комоција.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-08.jpg

Облечете се удобно и топло

Немојте да се водите според надворешните температури, во авионот е секако неколку степени поладно. Облечете пријатна памучна облека во која ќе се чувствувате удобно. Секогаш носете нешто со долги ракави за секој случај, бидејќи како што вели народната поговорка „Кој носи, тој не проси“.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-07.jpg

Добро наместете го сигурносниот појас

Најдобро е да не го остранувате заштитниот појас за време на летот. Само внимавајте да го наместите добро врз облеката каде што нема да ви пречи, а предноста е што и при најмали турбуленции никој нема да ве разбуди откако добро сте здремале за да го ставите појасот на себе.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-06.jpg

Носете додатоци кои го олесуваат спиењето

Перниче за удобно потпирање на главата, таблети на природна база (вообичаено содржат мелатонин) за опуштање и полесно заспивавање, темен превез за очите и задолжително чепови за уши или слушалки за музика кои ќе ги блокираат звуците од останатите патници и бучавата.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-05.jpg

Наместо гаџети, понесете си книга

Светлината на екранот од таблетот, лаптопот или телефонот ќе ве ококорат уште повеќе наместо да ве успијат, бидејќи ви го активираат мозокот.

Наместо вакви уреди извадете некоја по малку досадна книга која полесно ќе ве успие или пуштете си релаксирачки звуци, како оние кои имитираат амбиент во тропска шума или паѓање дожд.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-04.jpg

Не се прејадувајте

Доколку сакате полесно да заспиете за време на летот правилото е едноставно: немојте да пиете премногу течности и не се прејадувајте. Избегнете го одењето во тоалет колку што можете повеќе, а премногу храна ќе ви создаде стомачни тегоби поради варењето.

Колку и да звучи примамливо избегнувајте алкохол за време на летањето, бидејќи ќе ви предизвика главоболка и ќе ве направи мамурни. Пијте вода и останете хидрирани. Јадете нешто лесно и во помала количина, сонот ќе ви биде загарантиран.

9-odlicni-trikovi-za-onie-koi-ne-mozat-da-spijat-vo-avion-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизн... „Бев на повеќе божиќни маркети во градот, но најсилен впечаток ми остави Rathaus...
„Го посетив селото на баба ми и дедо ми и се потсетив на приказните за вили и вампири од детството -... Постојат места на кои постојано им се навраќаме, места кои ни будат спомени што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg