Убавините на Шпанија покрај Барселона: Лорет де Мар и Санта Сузана

Шпанија е земја која има прекрасни градови и неверојатни места кои вреди да се посетат. Барселона е помеѓу најчесто посетуваните дестинации, но покрај овој град од соништата има уште неколку места кои се наоѓаат на брегот на Каталонија.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-01.jpg

Брегот на Коста Брава се наоѓа на територијата на Каталонија, а се простира од местото Бланес до границата со Франција. Познат е по стрмниот релјеф, бројните заливи и рибарски селца.

Коста Брава во превод значи Див брег, а во овој дел припаѓа и познатото туристичко место Лорет де Мар.

Сите плажи во Коста Брава се песочни и широки, па така има место за сите туристи. Денот трае долго и можете да уживате до подоцна во звукот на морето.

Покрај Коста Брава, на брегот на Каталонија се наоѓа и Коста дел Маресме, каде што всушност припаѓа прекрасното туристичко место Санта Сузана.

Исто како во Коста Брава и овде има големи плажи на кои може да уживаат семејства и друштва кои може да се забавуваат со бројните активности кои ги нудат тие.

И во Коста Брава и во Коста дел Маресме има уште многу други места на кои може да прошетате, но сега се фокусираме на Лорет де Мар и Санта Сузана.

Лорет де Мар

Најпознато туристичко место во Коста Брава со премногу хотели, продавници, ресторани, кафулиња, прекрасни плажи и улици исполнети со „реки“ од туристи.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-02.jpg

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-003.jpg

Бои, вкусови, мириси, музика се дел од работите во кои уживаат околу 1.5 милиони туристи кои секоја година го посетуваат ова место.

Сепак, тоа што младите најмногу ги привлекува е богатиот ноќен живот со дискотеки и барови кои работат во полна пареа.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-03.jpg

Меѓу локалните знаменитости се наоѓа капелата изградена во модернистички стил во центарот на градот во чија околина се наоѓа и старата каталонска готичка црква од 16-ти век. На шеталиштето се наоѓа и Музејот на морето (Museo del Mar) кој претставува значајни моменти од поморската историја на ова место.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-04.jpg

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-002.jpg

Санта Сузана

Поради близината, многумина мислат дека Санта Сузана исто така припаѓа на Коста Брава, но тоа не е точно. Ова прекрасно место кое е дел од Коста дел Маресме, се наоѓа на 60 км од Барселона, нуди 2 километри широки плажи со чист златен песок, борова шума и многу водени спортски активности.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-05.jpg

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-06.jpg

Овде ќе најдете голем избор на ресторани со локална и интернационална кујна, а во ноќниот живот може да уживаат младите друштва, паровите, па дури и за семејствата има по некоја занимливост.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-09.jpg

Стариот град се одликува со тесни улички и историски згради и споменици, а движејќи се кон морето ќе почувствувате како да сте се транспортирале во модерна околина со богати ресторани, продавници и спортски објекти.

ubavinite-na-shpanija-pokraj-barselona-loret-de-mar-i-santa-suzana-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg