Фото уживање: Плажата Егремни на Лефкада

Огромната песочна плажа со неверојатно тиркизна боја е вистински рај на Земјата.

foto-uzhivanje-plazhata-egremni-na-lefkada-01.jpg

Плажата Егремни на грчкиот остров Лефкада секогаш е на листите на најдобри плажи во Европа, а неретко дури и во светот со својата ширина, белиот мек песок и уникатната кристално чиста тиркизна вода.

За жал, во ноември 2015 година таа беше погодена од силен земјотрес кој ја промени нејзината големина и го уништи пристапот до неа преку копно, кој беше овозможен со помош на 300 скалила.

Сега туристите за да ја почувствуваат нејзината убавина мора да пристапат преку турите со брод.

Егремни се наоѓа на 30 километри од главниот град на Лефкада. Долга е дури 2.5 километри и обиколена со карпи. Таа е вистински рај на Земјата.

Пливањето тука е незаборавно искуство. Исто така не смеете да го пропуштите прекрасното зајдисонце кое ќе ви го одзеде здивот.

Ако ве однесе патот накај оваа плажа, не прошуштајте ја и соседната плажа Порто Кацики.

Погледнете ја галеријата и уживајте во убавините на Егремни:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Најубавите плажи во близина на Сарти (за тие што ја избегнуваат локалната плажа) Ако и вие како многу Македонци годинава се одлучите да летувате во Сарти, ви пре...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg