Дестинација - Амстердам: Топ 10 кафулиња за посета
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтери 20-10-2017
Лимар 20-10-2017
Продавач 20-10-2017


Дестинација - Амстердам: Топ 10 кафулиња за посета

Кога станува збор за патувањата низ Европа, Амстердам е секогаш добра идеја. Има многу причини да го посетите овој неверојатен град кој ќе се воодушеви со сè она што го има.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-01.jpg

Уште кога ќе стигнете во овој холандски град ќе ве обземе неговата динамична енергија која се чувствува во секој агол.

Освен што е познат по дрвените кломпи и различните видови кашкавали, во кафулињата во Амстердам служат одлични кафиња во кои сигурни сме дека ќе уживате.

Сите кафулиња се со различен амбиент и секој може да си пронајде омилено по свој вкус.

Ние ви предлагаме 10 кафулиња во Амстердам во кои ќе уживате и во кафето, и во амбиентот:

Caffènation

Caffènation е кафуле кое потекнува од Белгија, но од пред неколку години го има и во Амстердам. Се наоѓа во т.н. Белгиски кварт, спроти еден парк, па додека го пиете кафето ќе уживате во глетката.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-02.jpg

The Bulldog

Ова кафуле е едно од најстарите и најпознатите во Амстердам. Го има на пет локации низ градот и секоја од нив има посебен шарм.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-03.jpg

Trakteren

Релаксирано кафуле во кое освен што можете да се напиете вкусно кафе, можете и да уживате во некое мафинче или колаче.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-04.jpg

White Label Coffee Roasters

Во ова кафуле ќе се чувствувате како дома. Амбиентот личи на дневна соба, а има и книги кои можете да ги читате додека сте таму, а често се прават и свирки.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-05.jpg

Sweet Cup

Во Sweet Cup ќе најдете мир и тишина среде целата таа бучава од туристи во градот. Сопствениците освен кафе и пијалаци, прават и домашни торти.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-06.jpg

Scandinavian Embassy

Ова кафуле има 3 сопственици од 3 различни земји – шанкерот е од Аргентина, готвачот од Шведска, а дизајнерот на ентериер од Полска. Искуство кое дефинитивно не смеете да го пропуштите.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-07.jpg

Back to Black

Во непосредна близина на познатиот Rijksmuseum се наоѓа кафулето Back to Black. Ова кафуле нуди одличен избор на кафиња  во кои ќе уживате на малечката тераса надвор.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-08.jpg

Koko Coffee & Design

Сместено во познатиот Red Light District, Koko Coffee & Design е вистински избор за креативците кои сакаат силно и квалитетно кафе во интересно уреден простор каде се продава и облека.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-09.jpg

Espressofabriek

Кафулето постои повеќе од 10 години и нуди интересен избор на кафиња, а лоцирано е во паркот Westerpark, во близина на многу маркети и продавници.  

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-10.jpg

The Coffee Virus

Освен што нуди кафе, пијалаци и вкусна храна, ова кафуле служи и како co-working простор за фриленсери, креативци и сопственици на мали бизниси.

esenska-avantura-najdobrite-kafulinja-vo-amsterdam-11.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наместо да полага - патува: 20-годишното момче кое ги тестира седиштат... Алекс Мачерас за разлика од повеќето луѓе кои имаат 20 години исто како и него, ...
Незаборавна авантура: 5 причини да одите на рафтинг на Тара Спуштање низ река во гумен чамец? Таква авантура не се пропушта. Летото не се со...
10 места во Европа кои се поубави во пролет Пролетта е идеално време за патување и истражување, посебно ако сакате да ја ист...