10 трикови како бесплатно да ги видите најпознатите туристички места во Европа

Бесплатни тури

Се разбира дека ако сакате да ги прошетате европските градови ќе мора да се шетате низ нив со мапа и водич во раката, но исто така можете и да отидете на определено место во градот каде што ќе има бесплатна тура во определено време. Да, има и такви.

Таква тура има во Полскиот град Гдањск или во главниот град на Шведска, Стокхолм. Овие тури може да се најдат на посебни места, но бидете подготвени дека ќе мора да знаете добро англиски јазик, за да може да ги следите.

10-trikovi-kako-besplatno-da-gi-vidite-najpoznatite-turisticki-mesta-vo-evropa-06.jpg

Бесплатни кина

Секое лето (уште од 1991), од крајот на Јуни до почетокот на септември, започнува фестивалот на музички филмови на плоштадот на Градската куќа во Виена. Секој ден на фасадите на зградите коишто го обиколуваат плоштадот се проектираат филмови, мјузикли, опери и танцови коишто можете да ги гледате бесплатно.

Во Париз исто така има бесплатно кино и е лоцирано во модерниот парк Ла Вилет. Таму од крајот на јули до крајот на август можете да ги погледнете ремек- делата на светското кино. Голем број на парижани и туристи го комбинираат гледањето филм со мал пикник.

10-trikovi-kako-besplatno-da-gi-vidite-najpoznatite-turisticki-mesta-vo-evropa-07.jpg

Плажи

Сите плажи во Барселона се бесплатни, исто како и бескрајните плажи на Балтичкиот брег во Полска и Германија. Да, за да изнајмите колиба на плажа во Германија ќе треба да издвоите убава сума на пари, но зошто да давате пари кога песокот можете да го добиете бесплатно.

Бесплатни плажи има и во Париз. Тоа се привремени плажи со донесен песок во срцето на главниот град, по бреговите на реката Сена и можете да ги посетите од почетокот на Јули до Септември. На овие плажи можете да се опуштите, сончате, па дури и да начекате некој концерт.

10-trikovi-kako-besplatno-da-gi-vidite-najpoznatite-turisticki-mesta-vo-evropa-08.jpg

Пантеонот во Рим и Ватикан

Познатата туристичка атракција во Рим, Пантеонот, можете да ја посетите бесплатно (иако во последно време италијанската влада се обидува да почне да наплаќа). Во него можете, покрај прекрасната архитектура, да го видите и гробот на познатиот Рафаел.

Доколку го посетувате Рим сигурно ќе сакате да го посетите и Ватикан и катедралата Св. Петар, којашто е најголема христијанска катедрала во светот, а можете да ја посетите бесплатно. Исто така, можете бесплатно да ги посетите и музеите во Ватикан секоја последна недела во месецот.

10-trikovi-kako-besplatno-da-gi-vidite-najpoznatite-turisticki-mesta-vo-evropa-09.jpg

Фонтани

Листата на атракции при посета на туристички атракции во секоја земја скоро секогаш вклучува и посети на фонтани. Тоа е така затоа што тие многу често самите се уметничко дело.

Фонтаната во форма на зелена човечка глава во австрискиот град Инсбрук се наоѓа пред влезот на Сваровски музејот на кристали. За да го посетите музејот ќе мора да платите, но на фонтаната можете да ѝ се восхитувате бесплатно.

Таква бесплатна посета можете да направите и на Магичните Фонтани на ридот Монжуик во Барселона. Овие фонтани годишно се посетени од 2,5 милиони туристи. Фонтаната е една од најпознатите обележја на градот и претставува импресивен спој на светла, музика и вода.

10-trikovi-kako-besplatno-da-gi-vidite-najpoznatite-turisticki-mesta-vo-evropa-10.jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Препорака од прва рака: Помалку познати локации во Париз, кои вреди да ги посетите Париз на многумина од нас ни ги има освоено сетилата и постојано нè мотивира да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg