10-те најдобри дестинации за женско соло патување

Кога ќе се спомне патување некаде сами, особено за женскиот пол, мислењата се поделени.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-01.jpg

Некои сметаат дека ќе им биде здодевно и преферираат друштво, некои мислат дека е опасно, па не се решаваат на тој чекор, а има и такви кои се доволно храбри за да отидат во непознато место сами.

Лили Елдриџ е една од оние храбри девојки која посетила 70 земји во светот сама.

Во продолжение прочитајте кои 10 дестинации се најдобри за женско соло патување според нејзините искуства:

Швајцарија

Иако треба да одвоите повеќе пари за ова патување, нема да се покаете за ниту еден денар. Ништо не може да се спореди со убавината на Алпите, пејзажите од природата и вкусот на швајцарското чоколадо.

Најдобро време за посета: од мај до август

Каков превоз да користите таму: возовите во Швајцарија се многу скапи, па најдобро е да си купите Swiss Pass билет кој ви овозможува да користите автобус, воз или брод по поевтина цена за одредено време.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-02.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-03.jpg

Австрија

Австрија е извонредна земја со уште поубава архитектура. Таму ќе се чувствувате како да сте во бајка: прекрасни кафулиња, стари таверни, ски ресорти. Освен Виена, посетете го и Салцбург кој е преполн со прекрасни цркви и катедрали.

Најдобро време за посета: од мај до август

Каков превоз да користите таму: најдобро е да патувате со воз. Австрија има одлична железничка мрежа која овозможува уште поубаво да ја запознаете земјата.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-04.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-05.jpg

Никарагва

Освен што е релативно евтина, Никарагва е прекрасна земја во Јужна Америка. Задолжително посетете ги вулканите, особено вулканот Леон, а на вашата листа треба да се најде и посета на Laguna de Apoyo – природно езеро во кратер. Земјата е безбедна, но потребно е да знаете малку шпански за полесно да се разберете со населението.

Најдобро време за посета: времето е топло преку целата година, но најдобро е во февруари

Каков превоз да користите таму: градските автобуси се сами по себе незаборавна авантура

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-06.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-07.jpg

Тајланд

Тајланд е одлична земја за соло патување, дури можеби и на врвот на листата ако преферирате да патувате сами. Луѓето се секогаш насмеани и расположени, а плажите се како излезени од некоја бајка. Главниот град, Бангок, е еден од највозбудливите градови во Азија, создаден за хедонисти.

Најдобро време за посета: во северниот дел на Тајланд, сезоната на монсуни трае од ноември до декември, додека во јужниот дел – од март до мај. Во останатиот дел од годината можете слободно да престојувате таму.

Каков превоз да користите таму: Во Тајланд имате голем избор од автобуси, минибуси и такси-возила и сите се со прифатливи цени.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-08.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-09.jpg

Естонија

Во последниве години, Балтикот стана многу популарна дестинација за патување. Иако повеќето луѓе, особено жени, не се решаваат да патуваат таму сами, Естонија е мошне безбедна земја. Главниот град, Талин, е живописно место со богата историја и одличен ноќен живот. Има голем избор на хостели со прифатливи цени.

Најдобро време за посета: од мај до август

Каков превоз да користите таму: Во Естонија превозот е евтин. Одберете билети од мрежата на Ecolines.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-10.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-11.jpg

Уште 5 дестинации на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...
3 предлог дестинации за есенско патување Што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене октомври? Не знам за вас, но мене о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg