Предлог дестинација: Доживејте го скандинавскиот бисер Гетеборг

Урбаниот центар на југозападниот дел на Шведска, градот Гетеборг, со право се нарекува скандинавски бисер. Многумина го споредуваат овој град со Лондон поради неговиот космополитски дух и автентичен стил.

predlog-destinacija-dozhivejte-go-skandinavskiot-biser-geteborg-01.jpg

Градот кој се развил од двете страни на реката Јете Олв денес брои повеќе од 570.000 жители и претставува популарна туристичка дестинација во Европа.

Има многу причини зошто Гетеборг вреди да се најде на вашата листа за патување, а во продолжение прочитајте што сè треба да направите кога ќе отидете таму:

Каде да престојувате?

Во Гетеборг има голем избор на сместување – од полуксузни хотели, до евтини хостели за сечиј џеб - изборот е ваш.

Посетете ја тврдината Skansen Kronan

Најпознатата тврдина во Гетеборг потекнува уште од 17 век. За да стигнете до неа можете да одберете помеѓу стрмно патче или 100 скалила. И едниот и другиот начин е физички напорен, но штом ќе стигнете ќе сфатите дека маката вредела. Од ова место ќе уживате во прекрасниот поглед на градот.

https://www.instagram.com/p/Baa7Ke-lrZ_/?taken-by=th.vacher

Посетете ги знаменитостите во Hagaparken

Во Hagaparken кој се наоѓа под тврдината Skansen Kronan се наоѓаат две важни знаменитости. Едната е црквата Hagakyrkan, а другата споменикот на шведскиот хуманитарец и дипломат Раул Валенберг, кој спасил десетина илјади евреи за време на Холокаустот.

predlog-destinacija-dozhivejte-go-skandinavskiot-biser-geteborg-03.jpg

Разгалете ги сетилата во спа центарот Hagabadet

Уште едно место кое вреди да го посетите е спа и велнес центарот Hagabadet кој постои од 1876 година. Дневниот билет вклучува спа, теретана и неколку различни фитнес тренинзи, како и сауна, топли базени, третмани на лице и масажи.

predlog-destinacija-dozhivejte-go-skandinavskiot-biser-geteborg-02.jpg

Уживајте во слатките печива од Café Husaren

Неизоставен дел од менито на жителите на Шведска е познатата „фика“. Под „фика“ се подразбира пауза за кафе, чај или топло чоколадо во комбинација со некое печиво, најчесто со цимет. Во Café Husaren ќе ги најдете највкусните благи печива и десерти.

Задолжително одете на шопинг

Улиците на Гетеборг се полни со интересни продавници за сечиј вкус. Од винтиџ антикварници како што се Små Kära Ting, Fåfängan Antik, Bebop i Antikvariatet Röde Orm, па сè до модерни продавници посветени на уредување на домот.

Од нив најпозната е Market 29 каде ќе се инспирирате од традиционалниот скандинавски стил на уредување и ќе украдете некоја идеј за вашиот дом.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg