11 градови во кои речиси никогаш нема сонце

Торсхван во Данска има само 35 сончеви денови годишно, a Лондон во Велика Британија има 68.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-01.jpg

Од научна гледна точка сонцето свети постојано, од наша гледна точка на ваков врнежлив, тмурен ден. кога не гледаме ниту зрак сонце. ни изгледа како воопшто да не свети.

Сигурно и вие едвај чекате да излезе од зад облаците за да ви ја врати насмевката на лицето. Но, што да прават жителите на градовите каде има многу малку сончеви денови во текот на годината?

Тие се навикнале на тоа и уживаат во посебниот шарм што го имаат мрачните денови.

Во овие 11 градови сонцето е редок посетител:

Лондон, Велика Британија – 68 сончеви денови годишно

Лондон е првиот град што најчесто ни паѓа на ум кога мислиме на облачно време, но според општото рангирање Лондон е „најсветлиот“ од мрачните градови.

Дождовите во главниот град на Велика Британија се почести отколку каде и да било во Европа, а туристите и жителите едвај чекаат некој сончев зрак.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-12.jpg

Џуно, САД – 67 сончеви денови годишно

Главниот град на Алјаска е најголем во споредба со другите главни градови на американските сојузни држави, но дури 90% од неговата површина е покриена со дива природа – планини и шуми.

Додадете го на ова недостигот од сончева светлина и ќе сфатите зошто има само околу 30.000 жители.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-04.jpg

Келн, Германија – 65 сончеви денови годишно

Келн е голем антички културолошки центар во Германија. Готската архитектура, познатите музеи, уникатните катедрали го прават навистина атрактивна дестинација за посета, дури иако нема многу сонце.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-11.jpg

Бирмингем, Велика Британија – 62 сончеви денови годишно

Во еден од најголемите градови во Велика Британија сонцето е редок посетител. Климата во Бирминген е блага и нема преголеми студови, но нема ниту сонце.

Сончевите денови се вистински празник за 2-та милиони жители што живеат таму.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-10.jpg

Кируна, Шведска – 61 сончеви денови годишно

Кируна е мало, магично место кое отсекогаш е поврзувано со легендите за алхемичарите.

„Тајната на темнината“ во Кируна е близината до Северниот поларен круг (арктичкиот круг) и затоа сонцето тука може да се појави од мај до јули, а потоа настапува самракот и поларната ноќ.

11-gradovi-vo-koi-rechisi-nikogash-nema-sonce-09.jpg

Уште 5 градови на следната страна..



Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
5 најубави таверни на Ситонија - вкусна храна, прекрасно зајдисонце и морето на дланка Вториот крак на Халкидики, има посебна магија. Иако веќе речиси доста испопулари...
Забава до зори во Белград, богата гурманска понуда во Ниш - кои српски градови се идеални за city br... Од запад кон исток, север кон југ, низ различни региони, рамнини и планини... Ср...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg