9 причини зошто вреди да го посетите прекрасниот Истанбул


9 причини зошто вреди да го посетите прекрасниот Истанбул

Од историја и превкусна храна до крстарење по Босфорот, Истанбул е вистинска магија за туристите.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-01.jpg

Истанбул е огромен хаотичен град, но тој дефинитивно го маѓепсува секој што ќе го посети барем еднаш.

Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-02.jpg

Постојат низа причини зошто Истанбул е одлична туристичка дестинација:

Историјата на Отоманската империја

Не можете да го посетите Истанбул и да не бидете вовлечени во богатата историја, особено преку остатоците од грандиозната Отоманска империја.

Палатите Topkapı и Dolmabahçe се вистинска временска машина која ќе ве одведе во ерата на моќните султани и нивните хареми.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-03.jpg

Прекрасната храна

Турција има различни видови на храна и уникатни рецепти во секој од нејзините региони, но Истанбул е местото каде прекрасните традиции се спојуваат во едно.

Од уличните продавачи на храна до беспрекорната турска кујна во рестораните, изборот е огромен.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-04.jpg

Шарени пазари

Речиси секое соседство во Истанбул има пазари. Највпечатлив е пазарот за зачини, каде можете да го најдете кој било зачин што може да ви падне на ум.

Свежи продукти од селата, турски благи, разни сирења и маслинки... Има по нешто и за најпребирливите.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-05.jpg

Уметнички галерии и музеи

Покрај историјата на Турција, во прекрасните уметнички галерии и музеи ќе видите и дела од модерни интернационални артисти.

Во листата на задолжителни за посета запишете ги и двата не толку познати музеи во кои изложуваат познати светски уметници: Sakıp Sabancı Museum и Pera Museum.

9-prichini-zoshto-treba-da-go-posetite-istanbul-06.jpg

Уште 5 причини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што да правите и што да посетите во Сараево? Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности ...
20 причини да ја посетите златната Прага Прага – раскошната убавица, срцето на Европа, место со прекрасни пејзажи какви ш...
За сите гурмани кои сакаат да патуваат: 7 острови со највкусна храна Некои од најпознатите светски плажи, нудат многу повеќе од само бисерно бел песо...