Загреб третпат по ред го има најубавиот божиќен базар во Европа (фото)


Загреб третпат по ред го има најубавиот божиќен базар во Европа (фото)

Сајтот Еuropeanbestdestinations.com и оваа година го спроведе истражувањето поврзано со претпразничното украсување на градовите низ Европа. Се прашувате каква е пресудата?

Zagreb-tret-pat-po-red-go-ima-najubaviot-bozikjen-bazar-vo-Evropa-01.jpg

Загреб го има најубавиот божиќен базар во Европа, трета година по ред. Главниот град на Хрватска зад себе ги остави Колмар, Виена, Будимпешта и Стразбург, според гласањето.

Оваа година тој започна на 2 декември, а ќе трае до 7 јануари, 2018 година.

Висококвалитетни рачни изработки ги преплавуваат тезгите на божиќниот базар, а во комбинација со превкусната храна и вино и празничната пријателска атмосфера, Загреб е дестинација за креирање на најубавите спомени поврзани со новогодишните празници.

Додадете многу блескави светилки и украси, лизгалиште, бројни музички настани, хорско пеење, насмеани лица, канделабри излезени како од најубавите сликовници и го добивате Загреб – уникатна и навидум неповторлива, магична празнична авантура.

Сепак, изгледа дека магијата е повторлива, со оглед на третата награда по ред.

Погледнете како изгледа најубавиот новогодишен базар во Европа во блескавиот Загреб:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи во Шпанија за 2017-та одбрани од туристите Шпанија е една од најживописните земји во светот. Сигурни сме дека на повеќето о...
Најубавите плажи во околината на Парга и Сивота Во близина на прекрасните Грчки гратчиња Парга и Сивота се наоѓаат едни од најуб...
Најубавите вили за совршен одмор на Јадранската ривиера За Јадранската ривиера се карактеристични автентични камени градби опкружени со ...