1 ден минат во Мумбаи е еднакво на 100 испушени цигари: 15 неверојатни факти за Индија

Имаат најмала стапка на разводи во светот и тони и тони злато, но загаденоста им е на алармантно ниво.

1-den-minat-vo-mumbai-e-ednakvo-na-100-ispusheni-cigari-15-neverojatni-fakti-za-indija-001.jpg

Индија дефинитивно е една од најинтересните земји на светот. Полна со бои, контрасти, интересни традиции и култура, таа е вистинска мистерија за странците.

Некои факти за неа навистина ќе ве изненадат:

1. Во Индија има 6 сезони според хиндуистичкиот календар и тоа: лето, есен, зима, пролет, период на монсунските дождови, период по монсунските дождови.

1-den-minat-vo-mumbai-e-ednakvo-na-100-ispusheni-cigari-15-neverojatni-fakti-za-indija-02.jpg

2. Наместо климање кај нив гест за согласност е тресење на главата на страна.

3. Околу 60% од Индијците се вегетаријанци бидејќи тоа е традиционално наследство од хиндуизмот. Таа е земја со најмала консумација на место по глава на жител во светот.

8134565-33964660-512870-2-0-1512110860-1512110869-1500-1-1512110869-650-73414e9d5e-1513330349.jpg

4. Во државата има два официјални јазици – хинди и англискиот, а вкупно 1.650 дијалекти.

5. Во сите поголеми индиски градови има проблем со загадениот воздух, а само еден ден минат во Мумбаи или Делхи е еднаков на 100 испушени цигари.

8134865-33974060-512870-4-0-1512112246-1512112258-1500-1-1512112258-650-8877f165fa-1513330349.jpg

6. Иако 80% од Индијците се следбеници на хиндуизмот, во државата се застапени сите светски религии.

7. Во Индија живее најголемото семејство на светот – маж со 39 жени и 94 деца.

8. На полицајците им се даваат бонуси ако носат мустаќи. Власта сака на овој начин да ги направи помажествени, плус мустаќите се дел од индискиот фолклор.

8134765-33979260-512873-0-1512113139-1512113151-650-1-1512113151-650-88db0ef3c3-1513330349.jpg

9. Има околу 1,5 милијарди жители, што е еднакво на вкупниот број на жители на западната хемисфера на Земјата. Најверојатно во иднина ќе ја надмине Кина.

10. Индија е земја на зачините затоа што 70% од зачините во цел свет се произведени токму таму.

11. Секоја крава во West Bengal мора да има идентификациска картичка.

india-cow-protection-vigilante-gau-rakshak.jpg

12. Само 1 од 100 брака во Индија завршува со развод и тоа е најниската стапка во светот.

13. Во Индија постои група наречена „Love commando“ која ги штити од вознемирување паровите во кои љубовниците припаѓаат на различни касти.

14. Индиските домаќинки поседуваат 11% од светското злато, тоа е повеќе од резервите на Америка, Швајцарија и Германија.

8134665-A_Hindu_wedding_ritual-1511783296-650-41bbd67f0f-1513330349.jpg

15. Индија е родната земја на шахот, а играта го имала името „Chaturanga“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg