10 причини зошто да ја посетите Франција во зима

Доколку планирате да ја посетите Франција, зимскиот период е одличен за оваа дестинација.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-001.jpg

Ски центри, зимска бахка, забавни фестивали, празнична сезона – во зима сѐ е прекрасно.

Па, доколку имате можност, испланирајте едно брзо, зимско патување во Франција.

А, ако се двоумите, следниве причини ќе ве разубедат:

Пониски цени на карти и сместување

Генерално, авионските карти се поевтини во зимскиот период, исклучувајќи ги деновите околу празниците.

Во останатите денови може да се најдат карти по нормални цени, а почнуваат да се качуваат околу Велигден. Хотелите исто така имаат одлични понуди за во последен момент, па проверувајте ги често аранжманите што се нудат.

На страните за онлајн резервации можете да најдете одлична цена и 3 ноќи пред сместувањето, па бидете подготвени.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-02.jpg

Преркасни божиќни пазари

Божиќните пазари светкаат оддалеку и го исполнуваат воздухот со мирис на каранфилче и зачинето в ино.

Насекаде се слушаат празнични мелодии и може да се најдат одлични места за купување подароци за најблиските.

Излозите на продавниците се во новогодишно издание, а сите луѓе се празнично расположени.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-003.jpg

Зимска кујна

Француската храна во зима има посебен шмек и убавина, а ништо не е подобро од познатите црни тартуфи. Можете и сами да одите да ги берете или да ги купите на пазарите. Печурките се продаваат во маркетите во сите форми, а може да се најдат и во менијата во рестораните.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-04.jpg

Скијање

Франција има огромни и прекрасни делови за скијање, а познатите ски центри нудат како предизвик за искусните скијачи, така и едноставни стази за оние кои се почетници.

Речиси сите ресорти имаат ски инструктори кои зборуваат англиски за да ги учат децата од најмала возраст, исто како и оние со некои здравствени наручувања.

Дури и ако не сте скијач, прекрасните планини и ресорти нудат незаборавно искуство и авантура која нема да ја заборавите.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-05.jpg

Други зимски спортови

Во последните неколку години, француските ски ресорти инвестирале многу за зимските спортови. Многу од нив нудат разни авантуристички спортови, а за поекстремен се смета леденото нуркање.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-06.jpg

Топли термални води и спа центри

За време на ладните денови, одличен начин за релаксација е опуштањето во познатите спа центри во француските градови.

Пружете си задоволство за време на зимските месеци и резервирајте си престој во хотел со спа каде ќе уживате после шетањето.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-07.jpg

Зимски фестивали

За време на зимскиот период во Франција се оджуваат многу фестивали со одлична музика, како и перформанси, а неизбежни се и карневалите.

Во зависност од тоа во кој дел на земјата ќе патувате, изборот се разликува.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-08.JPG

Медитеранска топлина

Додека зимата знае да биде ладна, сепак, ако шетате по француската ривиера, може да уживате во сончев ден и свежи вечери.

Преку ден можете слободно да шетате покрај море, а вечерта да уживате покрај камин со мезенце и вкусно вино.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-09.jpg

Новогодишни декорации

Парис и останатите градови целосно се менуваат за време на празниците. Тие се магично украсени и нема ништо поубаво од шетање низ новогодишно украсените улици, продавници, излози и локали. Овде празничната еуфорија се чувствува веднаш штом стигнете и нема да почувствувате дека е доста од убавините кои ги нуди Франција за празниците.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-10.jpg

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-11.jpg

Попусти

Сезоната на распродажба во Франција започнува кон средината на јануари и трае до средината на февруари, а можете да добиете одлични попусти во различни продавници.

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-12.jpg

Денот на вљубените 

И за крај, да не заборавиме на 14-ти февруари, кога паровите го слават денот на вљубените, а да се помине овој ден во Франција е бескрајно романтично.

Во некои делови има фестивали со многу луѓе, а секогаш можете да изберете и поинтимно место каде ќе уживате во францускиот шмек.  

10-prichini-zoshto-da-ja-posetite-francija-vo-zima-13.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg