Маурициус - рајски остров

Република Маурициус mauricius-rajski-ostrov-povekjeе островска држава во југозападниот Индиски океан. Први го колонизирале холанѓаните и му го дале името по принцот Маурициј од Насау. Островот...

 

...се наоѓа 900km источно од Мадагаскар. Се до 17 век бил ненаселен, а сега е пренаселен и преставува една од најразвиените афикански земји.

На само 2.045 квадратни километри живеат 1.200.000 жители. На 90% од земјиштето се сади шеќерна трска, но љубезните жители на островот се занимаваат и со туризам и со текстилна индустрија.

mauricius-rajski-ostrov-1

Главен град е Порт Луис, кој мора да го посетите и да уживате во мирните вечерни прошетки, а ако сте повеќе за забава и за тоа има предвиден кварт полн со продавници, ресторани, барови, кино сали и луксузни коцкарници.

mauricius-rajski-ostrov-5

Климата е тропско-океанска, но пријатна преку целата година. Зимите се топли и суви, а летата влажни и жешки. Се разликуваат две сезони - од декември до април трае летото, а од мај до септември, зимата. Идеално време за посета е јули.

mauricius-rajski-ostrov-3

Овој вулкански остров познат е и по изумрената птица додо, чие име е синоим за глупост.

mauricius-rajski-ostrov-7

Тешка околу 23 килограми, птицата додо изумрела набргу по доаѓањето на португалските истражувачи на островот.

Се смета дека неможела да и се спротивстави на агресијата на ловците и нивните кучиња, но и на останатите животни кои го населувале островот со новите народи.

Нешто што секогаш асоцира на Маурициус и нешто за што особено се зборува е тиркизното море, белите песочни плажи, како и коралните гребени кои никого не го оставаат рамнодушен.

Сигурно сте чуле за џиновските листови на водениот лилјан во местото каде што живеат стогодишните желки; тоа е најголемата ботаничка бавча на светот - Sir Seewoosagur Ramgoolam.

mauricius-rajski-ostrov-4

Повеќето жители зборуваат англиски, па комуникацијата не би требало да е проблем.  Храната е разнолична и има по нешто за сечиј вкус, што и не е чудно со оглед на разноликоста на жителите (Африканци, Азијци и Европејци).

mauricius-rajski-ostrov-2

Квалитетот никогаш не е под знак прашање, но за да се уверите во тоа морате да го пробате нивниот специјалитет, Camarons – рак во пикантен сос. Властите на Маурициус не сакаат островот да се претвори во масовно туристичко одредиште, туку да ја задржи ексклузивноста. На островот има многу хотели и вили и тоа ексклузивно опремени.

mauricius-rajski-ostrov-8

Овде е годишен одмор од сништата за повеќето Европејци, но и за туристи од другиот дел на светот. Има бројни атракции како - одење по морското дно, возење со полуподморници, крстарење, нуркање, сурфање, риболов, тенис, голф, па дури и крокодилска фарма... и уште многу, многу работи кои вреди да се видат.

Би можело да ве интересира:

Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
„Божји очи“: Најубавата пештера во Бугарија на 100km од Софија (фото) Проходна, позната и како „Божји очи“ е една од најубавите пештери во Бугарија, а...
Бела Стена: Рајско островче без струја во близина на Белград (фото) Скриен во близина на Белград се наоѓа скапоцен камен кој чека да биде откриен - ...
Хитхорн - живописно холандско село каде куќите се како од бајка и нема автомобили (фото) Хитхорн е едно од најубавите и необични места во Холандија - во ова село, куќите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg