Островот со најубави плажи

kefalonija-ostrovot-so-najubavi-plazi-vo-evropa-povekjeГрција привлекува голем број туристи – сонце, античка уметност, интересен начин на живот, преубави плажи, узо, традиција... Грчките острови се приказна сама за себе.


Тие се едни од најубавите предели во оваа земја. Грците и туристите се согласни за едно: Кефалонија е навистина еден од најубавите грчки острови. Од највисоките делови на островот имате поглед кон сите останати јонски острови.

Островот изобилува со преубави плажи, фасцинирачки езера, зелени долини, густа шума, разновидно цвеќе. Во малите раштркани села ќе наидете на љубезни селани и ќе се запознаете со нивниот традиционален начин на живот.

kefalonija-ostrovot-so-najubavi-plazi-vo-evropa-2

Кефалонија е навистина поразлична од останатите грчки острови, а сепак толку грчка. Овој остров ја има задржано својата автентичност и карактер. Ќе се забавувате со вино, песна и танцување. За младите постои и широк спектар на ноќни забави.

Најголемо богатство на островот се големиот број прекрасни плажи. Најубава плажа на островот е Миртос која важи за една од најубавите плажи во Европа. Снежно бел песок помешан со ситни каменчиња и тиркизното море ќе ве остават без здив. На северниот дел од островот се наоѓа езерото Мелисани со долга сончева плажа Антисамос окружена со бујна вегетација.

kefalonija-ostrovot-so-najubavi-plazi-vo-evropa-3

На полуостровот Ласи се сместени уште неколку златно жолти песочни плажи: Макрис Јалос, Платис Јалос, Градакиа и уште многу други каде може да уживате во сенка и бројни спортски активности.

Дел од Кефалонија е и Итака – малиот остров со голема историја. Итака уште и го носи името како домот на Одисеј.

kefalonija-ostrovot-so-najubavi-plazi-vo-evropa-4

Лицето на вистинската Грција во нејзините северните делови и не е баш како што било. Но, не и на Кефалонија. Овде освен во прекрасните плажи ќе можете да уживате и во вкусната храна на грчките таверни, гостопримливоста, грчките забави, природата... Желбата за повторно да се враќате на овој остров ќе ве следи уште долго време.

Би можело да ве интересира:

Очекување vs. реалност: Мрачната страна на животот во Њујорк Многу луѓе – и локалци и туристи, ѓубре по улиците и минијатурни, но многу скапи...
5 интересни опции за луѓето кои не сакаат летниот одмор да го поминат на плажа Можете да посетите некои од скандинавските земји, или пак некои од европските гр...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg