Патување
Прилагодување во странство

prilagodete-se-na-zivot-vo-stranstvo-povekjeСе одлучивте за студии или кариера во странство? Факт е дека не е лесно да се прилагодите посебно ако сте во земја со сосема поразличен менталитет од нашиот.

 

Но, постојат начини како да си го олесните животот во странство.

prilagodete-se-na-zivot-vo-stranstvo

Најпрво, треба да ви е јасно дека станувате дел од нова средина и време е да се однесувате како возрасна личност и да бидете свесни за своите постапки и одговорности.

Пред да се преселите, направете убаво истражување за земјата. Не сакате да доживеете културен шок, а и во корист ви е да знаете нешто повеќе за вашиот нов дом.

Политика, култура, обичаи, вести, начин на облекување, температурни и временски разлики се само дел од информациите кои ќе ви бидат од корист со сигурност.

Бидете отворени за дружење. Во ова време на постоење на безброј социјални мрежи, можете да створите нови пријателства и пред да ја напуштите земјава.

Важно е да остварите комуникација барем со неколку личности кои ќе ви помогнат да се прилагодите. Секако тука се и колегите од факултет или од работа кои ќе станат дел од вашиот секојдневен живот.

Зачленете се во некоја невладина организација или запишете се на курс по јазикот од земјата. Можете да одберете и некој спорт – важно е да се социјализирате.

Овие неколку работи ќе ви помогнат да имате подобро искуство кое ќе можете да го споделите со најблиските.

Коментари (1)Add Comment
...
напишано од Robert, 24 February 2010
Korisno.

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 

Онака

" Најдобрите и најубавите нешта на светот не можат да се видат ниту да се допрат. Тие мора да се почуствуваат во срцето. "
Хелен Келер (1880-1968)