8 причини зошто секое дете треба да расте со миленик

Психолозите сметаат дека грижата околу животните го смирува човекот, но и го прави посреќен.

8-pricini-zosto-vaseto-dete-treba-da-ima-domasen-milenik-1

Домашните миленици секако се голема обврска, но ако детето биде тука да ви помага околу грижата, таа може дасе претвори во забава.

Покрај тоа, постојат најмалку 8 животни лекции кои може да ги научи и усоврши заедно со своето куче или маче:

1. Одговорност

Децата кои имаат домашни миленици уште од мали нозе развиваат чувство за одговорност. Милениците имаат потреба од редовно шетање, храна, игра, посебна хигиена и токму детето стекнува навика да се грижи за да ги задоволи потребите на животинчето. Милениците го учат детето да се еманципира и да сочувствува со другите, но и да води грижа за себе. Вие како родители, треба на вистински начин да му ја пренесете љубовта кон животните и да го учите како правилно да се грижи за нив.

2. Самодоверба

Освен што стекнува одговорност, детето ја зголемува и својата самодоверба токму со чувањето на домашниот миленик. Кога децата се успешни во работата околу домашниот миленик тие стануваат горди на себе и нивната самодоверба расте.

3. Помала склоност кон алергиите и астмата

Многу научни истражувања докажале дека децата кои се растени со домашен миленик имаат помала склоност кон алергии и астма. Кога децата се во допир со животните и нивните влакна, имунолошкиот систем се зајакнува и шансите за појава на алергии двојно се намалуваат, за разлика од другите деца кои не растеле со миленици.

4. Вежба и игра

Домашните миленици, а особено кучињата имаат потреба од редовни прошетки. Доколку вашето дете е поголемо и може само да го шета кучето, тоа е уше една предност. Шетајќи го домашниот миленик детето трча, вежба и дише свеж воздух, а помалку време ќе поминува пред компјутерот.

8-pricini-zosto-vaseto-dete-treba-da-ima-domasen-milenik-2-

5. Смиреност

Кога детето ќе биде луто, разочарано или тажно тоа ќе си игра со домашниот миленик, кој пак веднаш расположува. Милениците во себе имаат некоја магична утеха и нивната љубов е безусловна.

6. Ослободување од стрес

Освен што не смируваат, милениците ни помагаат да се опуштиме. Кучињата имаат посебна улога во едно семејство, а кога децата ги галат во нив се создава чувство на сигурност.

7. Подобрување на читањето

Детето повеќе ќе сака да му чита на домашниот миленик, отколку на возрасните кои цело време го поправаат во зборовите. Преку игра, детето ќе научи да чита, а миленикот стрпливо ќе седи со него и ќе го слуша.

8. Дисциплина

Кога расте заедно со домашен миленик детето учи за дисциплина. Ако има куче, треба да го научи како да слуша. Научните истражувања докажале дека учејќи го кучето, детето учи што е дисциплина и на тој начин подобро се развива.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg