Како една фотографија го промени животот на една мајка

Бриџит Вајт е мајка на две деца кои успеале да ѝ го променат живото но и мислењето за себе, само преку една необично убава фотографија.

kako-edna-fotografija-go-promeni-zivotot-na-edna-majka-01

Се изненадила кога помеѓу многуте фотографии забележала една на која воопшто не изгледа добро. Ја фотографирале нејзините деца додека лежела на плажа, без да забележи.

- Во истиот момент кога сакав да ја избришам фотографијата во собата влезе мојот син. Морав да го прашам: „Дали знаеш нешто за оваа фотографија?“. Ја погледна и се насмеа: „Тоа беше на Тахо, изгледаше прекрасно, па морав да те фотографирам“- раскажува Бриџит.

Била лута на синот, сè што таа гледала на фотографијата биле само нејзините маани.

Тогаш дошла и нејзината ќерка која ѝ ги кажала истите коментари: „Толку си убава, ја обожавам оваа фотографија“.

Но, Бриџит, колку и да се трудела да го види она што нејзините деца го гледале, не успевала.

- И понатаму на таа фотографија гледав дебела жена, која со црниот костум за капење само го прикрива вишокот килограми“.

Открила дека никогаш не била премногу слаба и секогаш била свесна за тоа. Но, нејзините деца направиле нешто неверојатно. Кога дознала што мислат тие за нејзиниот изглед, сфатила дека во неа има многу поголемо нешто, многу позначајно од бројот на килограми, нешто што ја прави убава.

Денес Бриџит има најмногу килограми во последните 10 години, но на плажа носи бикини и летни фустани.

Понекогаш се прашува дали и годините влијаеле на нејзиното размислување, покрај влијанието на нејзините деца, но не се заморува со барање на дополнителни причини.

- Веќе не го мразам своето тело. Сепак, не отстапувам од вежбањето и здравата исхрана. Тие работи и понатаму ќе ги применувам, бидејќи сакам да бидам здрава. Моментално го сакам својот изглед онаков каков што е. Сакам да се гледам себе на начинот на кој ме гледаат децата.

Ви благодарам, деца. – порачала Бриџит.

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg