Мудри совети од вашата мајка кои требаше да ги послушате

Некогаш ги затворавте ушите пред неа, само затоа што сите совети ви беа здодевни и веќе слушнати, но од денешна гледна точка сè изгледа поразлично...

10-mudri-soveti-od-vasata-majka-koi-trebase-da-gi-poslusate-01.jpg

Ова се 10-те совети кои сигурно не ги послушавте во младоста, а денес ве тераат да си кажете „Убаво ми викаше мама...“

1. Не претерувај со чупањето на веѓите. Сега сигурно не можете да погледнете ни една единствена фотографија од тинејџерските денови, без да си помислите „што ми е со веѓите?“

2. Не ставај пирс на папокот. Вашата мајка била свесна дека некогаш ќе ви здодее, а лузната засекогаш ќе ви остане. Се сеќавате кога ви кажа „почекај барем да наполниш 18“? Изгледа тоа и требаше да го направите...

3. Тетоважа во облик на пеперутка? Нема шанси! Се надеваме дека сега не трошите пари на ласерското отстранување, наместо на некои феноменални чевли.

4. Премногу текила е секогаш лоша идеја. Мислите дека таа не го знае ова од сопствено искуство?

5. Миленикот е многу поголема одговорност отколку што мислиш. И прегледот кај ветеринарот не секогаш ќе го платат твоите родители...

6. Не пиј кога возиш. Сериозно, без дополнителни објаснувања. Ова никогаш не е добра идеја.

7. Тројка по историја? Тоа никогаш нема да вреди. И сега кажете дека на колегите им пречи тоа што во средно имавте тројки или двојки во дневник...

8. Тие чевли изгледаат неудобно. Сега, кога вашите стапала ве болат по само половина час, сè што пред себе гледате е вашата мајка со поткрената веѓа и зачуден поглед.

9. Спакувај двојно повеќе долна облека. Два пати повеќе од деновите кои ги поминувате на пат. Никогаш нема да згрешите.

10. Сè што е течно прво стави го во пластична кеса, па во куфер. Инаку ќе шеташ полугол или ќе потрошиш цело богатство на нова облека, тоа е факт.

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg