Прашања кои трудниците се срамат да ги постават

Бременоста е период кога женското тело минува низ најголеми промени, кои најчесто жените не сакаат да ги дискутираат ниту со својот гинеколог.

prasanja-koi-sekoja-trudnica-se-srami-da-gi-postavi-01.jpg

Затоа, сега ви ги одговараме 7-те прашања кои долго се срамевте да ги поставите.

1. Дали вагиналното подрачје по породувањето се менува и проширува?

Кратко и јасно - не. Женската вагина е направена така што во целост се приспособува на самото породување, по што подоцна се враќа во нормалната состојба. За време на бременоста важно е да правите Кегелови вежби, ако сакате да ги одржите вагиналните мускули здрави и поеластични.

2. Дали е вистина дека жените за време на бременоста немаат контрола над мокрењето?

Контролата на бешиката навистина се намалува и тоа најчесно по бременоста и породувањето. Ова најдобро ќе го забележите кога ќе ви се наближува терминот. Сепак, тоа не значи дека нема да имате никаква контрола. И во овој случај Кегеловите вежби може да бидат од голема корсист.

3. Дали е можно да го повредите бебето за време на секс во бременоста?

Ова е реален страв на повеќето идни татковци, па затоа често пати паровите се одлучуваат да немаат секс за време на бременоста. Но, вистината е дека бебето не можете да го повредите за време на секс. Сепак, ако не се чувствувате пријатно, не треба да инсистирате.

4. Зошто сексуалниот однос по бременоста е болен?

Причината е очигледна. Вашето вагинално подрачје доживеало огромна промена и потребно е подолго време да заздрави. Дајте му на вашето тело време пред повторно да стапите во сексуални односи со партнерот.

prasanja-koi-sekoja-trudnica-se-srami-da-gi-postavi-02.jpg

5. Дали посилниот исцедок и нормален за време на бременоста?

Заради промената на хормоните, сосема е нормално да забележите поразличен исецедок. Но, ако покрај него имате и болка, пецкање или непријатен мирис, треба да се обратите кај вашиот гинеколог.

6. Како да се ослободите од проблемите со варење на храната?

Ако дигестивниот систем ве мачи, обидете се да внесувате повеќе природни влакна, овошје и зеленчук и да пиете многу вода. По потреба земајте и суплементи богати со магнезиум. Јадете помали оброци почесто во текот на денот и избегнувајте ја киселата и лута храна.

7. Дали е можно да не го препознаам почетокот на породувањето?

На некои жени им се случило да не го ни забележат пукнатиот водењак, затоа што обично го мешаат со мокрењето. Ако не сте сигурни што се случува во вашето тело, јавете му се на вашиот лекар. Во секој случај, кога болките ќе започнат - ќе знаете.

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Како да го намалите времето поминато пред екран кај вашите деца? Лето-зима, приказната е иста, си доаѓате дома, а вашето дете уште не влезено дом...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg