Вистинско уживање: Прв спа центар за бебиња

Исто како и возрасните, така и бебињата сега може да го имаат најголемото уживање. Отворен е првиот спа центар, наменет само за нив.

vistinsko-uzivanje-prv-spa-centar-za-bebinja-01

Сосемa нов начин на опуштање за најмалите смисла една детска компанија во Хјустон, Тексас со тоа што го отворила центарот Float Baby.

Таму еден третман чини 65 долари, а за таа цена бебињата добиваат хидротерапија во базен и комплетна неонатална масажа.

Основач на овој спа центар е Кристи Ајсон, која го отворила во февруари оваа година и досега има над 300 клиенти.

Концептот на спа центарот за бебиња не е нов и станува сè попопуларен меѓу мајките кои тврдат дека бебињата најлесно и најмирно спијат по посетата на овој центар.

Тука бебињата на возраст од две недели до осум месеци пловат во водата со надувани гуми околу вратот, кои им овозможуваат да се движат слободно без да потонат.

Родителите имаат само пофални зборови за грижата во овој спа центар за кон нивните деца и за резултатите по посетата кои покажуваат дека децата имаат подобар имунитет, поголем апетит и помирен сон.

Кој не би се уживал на вакво место?

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg