Работи кои сигурно сте ги слушнале од вашата мајка во детството: Пак сакаш пари? Ти личам на банка?

Сигурно сеуште се обидувате да и дадете објаснение на вашата мајка за работите кои сте сакале да ги направите во вашиот живот.

raboti-koi-sigurno-ste-gi-slusnale-od-vasata-majka-vo-detstvoto-pak-sakas-pari-ti-licam-na-banka-1.jpg

Но, колку и да се трудите дури и на најдобар можен начин, вие не сте во право и според неа тоа не е најрационалното и најразумното решение кое може да се најде.

Едноставно како да сте во постојана борба за да се докажете и притоа секогаш наидувате на истите или сличните реченици кои сте ги слушнале од нејзините усни а останале како една симпатична траума од детството...

1. Се додека живееш под ист покрив со мене, ќе ги почитуваш моите правила без отстапување!

2. Доста плачеш наоколу, не ме терај да ти дадам вистинска причина за плачење!

3. Со таков тон да им се обраќаш на луѓето кои ќе ги сретнеш по пат, а не на мајка ти, ме разбра?

4. Се надевам дека кога ќе имаш деца тие ќе бидат исти како тебе, па да видиш како е!

5. Не ме интересира ако твојот другар има пирс на веѓа, ако тој скокнеше од мост и ти ќе скокнеше по него?

6. Мајката на Филип го оставала да излегува до пет часот наутро, а јас не. Добро, оди да живееш кај неа, јас лично ќе ги помогнам да се спакуваш!

7. Кога јас бев на твоја возраст, морав да работам, да чистам низ дома, да се грижам за куќата и за сите во малото, морав да бидам градинар, лекар, правник и се што беше потребно и плус да се школувам, а тебе ти е тешко да станеш од кревет!?

8. Јас на ѕидов ли му зборувам?

9. Кога ќе влезам во твојава соба се чувствувам како да ја погодил ураган.

10. Џабе Господ ти дал мозок, кога ти воопшто не го користиш.

11. Не очекувај паметен одговор, на твоите глупави прашања!

12. Еден ден ќе ми бидеш благодарен/благодарна.

13. Ако јас го направев тоа кога бев на твоја возраст, знаеш ли што ќе ми се случеше?

14. Пак ли ќе ми бараш пари, на што ти личам јас, на банка?

15. Татко ти ќе дознае за ова кога ќе си дојде, немој да мислиш дека ќе лажам за тебе!

Колку и да сте се лутеле на нејзините изреки, сега сигурно се смеете, а можеби и некои од нив и вие ги кажувате на вашите деца.

Едноставно една е вашата мајка и колку и да се обидувате да се лутите, не можете затоа што неизмерно ја обожувате.

Она што останува е тие да бидат студени генерали кои ќе не распоредуваат по своја желба, а ние бунтовни војници кои секогаш се секогаш подготвени да им нанесат главоболки.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што во...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg